• Latest
Фото: МИА

Рендевска: Инспекторите на терен ќе ја следат состојбата со цените

February 29, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рендевска: Инспекторите на терен ќе ја следат состојбата со цените

February 29, 2024 13:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Инспекцискиот совет најавува дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните.

– Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат во изминатиов период беше активно на терен и тоа најдобро можеа да го почувствуваат граѓаните бидејќи постојано ги контролираше гарантираните цени. Сега малку да оставиме и на совеста на субјектите на надзор, односно на производителите и на трговците. Во очекување сме на донесување на системско решение на Законот за забрана на нефер трговски практики особено во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Секако, инспекторите од Пазарниот инспекторат и понатаму будно ќе ја следат ситуацијата на терен и се надеваме дека и субјектите на надзор, односно маркетите ќе бидат во функција на граѓаните, изјави денеска претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска, пренесува МИА.

Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините,…,  дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот. Надлежните најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, се уште не е изгласан.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни. Тој ги повика да реагираат Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачи. 

Tags: ДПИцени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ