• Latest
Напад на Собрание, 27 април 2017

(РЕПРИНТ) Денот кога се изврши обид за убиство на демократијата

April 27, 2023

24 ЧАСА: Скандалозниот тендер на МВР стигна во ДКСК; Зеленски подготвен за тројна средба со Трамп и Путин; НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР; НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

May 28, 2025
Фото: Принтскрин

Претставници на студентите во блокада и челните луѓе на Универзитетот во Белград утре ќе одржат состанок

May 28, 2025

Грчката влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

May 28, 2025

Мицкоски за предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство: Мислам дека добро ќе соработуваме во Владата

May 28, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков градоначалник ѝ е потребен на вашата општина?

May 28, 2025

Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција

May 28, 2025

Дај петка за подобра иднина! – Регионална онлајн конференција на Зелен ЦИВИЛ

May 28, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат министерот за здравство да биде искусен доктор, специјалист, професионалец, некорумпиран, да знае да менаџира, додека некои сметаат дека таков нема во Македонија и треба да се донесе од надвор

May 28, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ со реакција за инцидентите со медиумите на изборите во Албанија; Косовскиот уставен суд се уште „го разгледува“ предлогот на ВВ за тајно гласање

May 28, 2025

Рокас: Поврзувањето на сите точки во Европа за одржување на мирот, безбедноста и просперитетот

May 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(РЕПРИНТ) Денот кога се изврши обид за убиство на демократијата

April 27, 2023 12:33
in ПОЛИТИКА
Напад на Собрание, 27 април 2017

Напад на Собрание, 27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter
објавено на 27 април, 2020 година

Датумот 27 април (2017 година) – „Крвавиот четврток“ е конечната одредница на тоа што ја дефинира стрмоглавата политичка удолница на деценискиот режим на ВМРО ДПМНЕ, и денот што на трагичен начин ја одреди иднината на новата, пост-груевистичка политичка сцена во земјава.

По изборите на 11 декември 2016 година, членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ протестираа со блокада  на улицата пред седиштето на Државната изборна комисија којашто одлучуваше за приговорите од партиите, со образложение дека нема да ги признаат резултатите од прегласувањето.  На протестите, Никола Груевски најави дека ќе започне процесот на „десоросоизација“, односно ќе врши хајка на сите оние што му се спротивставија на неговиот децениси криминален режим.

протести на ВМРО ДПМНЕ пред ДИК, декември 2016

Протестите се одвиваа во знакот на експлицитен говор на омраза кон опозицијата и кон сите неистомисленици. Валентина Божиновска, тогашна претседателка на Комисијата за односи со верските заедници најави дека доколку ДИК одлучи по приговорите спротивно на желбите на ВМРО – ДПМНЕ,  ќе се случи „Ноќ на долгите ножеви“.

НОЌТА НА ДОЛГИТЕ НОЖЕВИ

„Ноќта на долгите ножеви“ е назив за чистката во Германија за време на нацистичкото владеење една година по доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година. Чистката се спроведе од 30 јуни до 2 јули 1934 година, кога Хитлер ги активираше одредите за егзекуција во операцијата позната  како „Колибри“. Најмалку 85, а според некои извори дури и околу 500 луѓе беа убиени. Илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и тајната полиција.

По изборите во 2016 година, на 16 декември се одржа првото судско рочиште за обвинение од СЈО, во кое беше обвинет Никола Груевски за настаните пред Општина Центар во 2013 година.

На 19 декември, најавата на Груевски за „десоросоизација“ започна во форма на финансиски контроли на УЈП на дваесетина граѓански организации, a на 17 јануари 2017 година се формира здружението „Стоп операција Сорос“.

Претходно, на 7 јануари 2017, претставници на албанските политички партии во земјава, ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, во Тирана, Албанија, потпишаа заедничка платформа од седум точки. Тие се согласија на заедничко постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и со Уставот, економска рамноправност, зајакнување на владеењето на правото, учество во напредокот на евроатлантскиот интегративен процес, создавање на духот на довербата за добри меѓуетнички односи заради политичка стабилност во земјата, решавање на спорот со името, добрососедски односи и брза интеграција во НАТО и ЕУ. „Тиранската“ платформа, како што ја нарекоа од ВМРО-ДПМНЕ, беше уште еден од изговорите кои оваа партија ги користеше за да ја обвини опозицијата за предавство, федерализација и промена на името на државата.

На 23 јануари СДСМ и ДУИ склучија договор за коалиција и избор на новата влада.

Игор Дурловски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски, организаторите на националистичките протести под името „За заедничка Македонија“

Изговор за создавање на иницијативата „За заедничка Македонија“ беше револтот од одлуката на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, да влезе во преговори за формирање влада со албанските партии без да ја отфрли платформата. Во телевизиско интервју за Сител, ден пред протестите на 26 февруари, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го повика членството на улица со зборовите „сите оние кои планираат да седат дома и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда“.

Првиот протест се одржа на 27 февруари во Скопје пред Владата. Протести се одржаа низ повеќе градови и беа поддржани од повеќе јавни личности, меѓу кои оперскиот пејач и директор на МОБ Игор Дурловски, актерите Владо Јовановски, Васил Зафирчев, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски, ракометарите Кирил Лазаров и Индира Кастратовиќ, како и пијанистката и тогашната директорка на Агенцијата за иселеништво Елена Мисиркова Лоза.

Никола Груевски на 29 јануари не успеа да состави влада во уставно предвидениот рок од 20 дена по врачувањето на мандатот од Ѓорге Иванов, тогашниот претседател на државата, кој потоа одбиваше да му го врачи мандатот на претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

На 1 март, претседателот на СДСМ, Заев, поднесе 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат за состав на новата влада со СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и Беса.

КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК

„Ноќта на долгите ножеви“ се случи на 27 април 2017, кога неколку стотини демонстранти од здружението „За заедничка Македонија“, го нападнаа Македонското собрание за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. По насилството што се случи таа ноќ во Собранието, 27 април го доби името „Крвавиот четврток“.

Додека течеше седницата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пред законодавниот дом се одржуваа протести на ова здружение.

По завршувањето на собраниската седница, во 18 часот со која претседаваше спикерот од претходниот парламентарен состав, Трајко Велјаноски, пратениците од новоформираното парламентарно мнозинство останаа во пленарната сала за да го изберат новиот собраниски претседател. Пратеникот Ферид Мухиќ, како најстар од присутните, претседаваше со седницата на која за свој заменик го именуваше пратеникот Горан Мисовски. Мисовски продолжи да ја води седницата и кратко по тоа Талат Џафери беше изгласан за нов претседател на Собранието на Република Македонија. За сето ова време и во моментот кога Џафери ја даваше свечената заклетва, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа дека ова е пуч.

Собрание 27 април

Околу 19 часот, околу 300 лица кои учествуваа на протестите, го нападнаа Собранието. Дел од нив беа маскирани. Нив ги пропушти собраниското обезбедување, по што тие влегоа во салата за новинари каде во моментот течеше прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на Собранието, Џафери. Насилниците физички ги нападнаа пратениците и новинарите. Во моментот на влегување на напаѓачите, во Собранието воопшто немаше полиција.

Елизабета Канческа Милевска – Собрание 27 април 2017

Дел од напаѓачите на Собранието се поздравија со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неколкумина од нив ѝ бакнаа рака на пратеничката Елизабета Канческа Милевска. Според безбедносните камери, вратите на Собранието ги отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а пратеникот Јохан Тарчуловски и личното обезбедување на Вељаноски ги упатија насилниците во салата во која се наоѓаа пратениците од СДСМ.

Со тешки телесни повреди се здобија Зијадин Села и Зоран Заев. Пратеникот Села по бруталниот напад падна во бесознание, а снимките од камерите во Собранието, кои први ги објави ЦИВИЛ Медиа, сведочеа за тоа како насилниците го влечеа по подот и го шутираа, во очигледна намера да го убијат. Села заврши во болница со скршеници и нагмечување на мозокот и во сериозна животна опасност. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Радмила Шекеринска беа со видливи телесни повреди и крв по лицата.

Полицијата реагираше дури три часа по упадот во Собранието, а тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу подоцна изјави дека директорот на БЈБ Митко Чавков намерно ја попречувал полициската интервенција, како и дека за време на нападот, Чавков два часа не бил достапен на телефон.

Пратениците беа евакуирани од Собранието околу полноќ, а полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите и напаѓачите.

Ноќта, 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош во болниците во Скопје.

Тогашниот претседател Иванов во своето обраќање доцна ноќта ги повика претседателите на сите парламентарни партии на средба во неговиот кабинет, но не го осуди нападот. Заев и Ахмети ја одбија поканата посочувајќи го Иванов како една од причините за кризата.

ПО КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК… 

Два дена по упадот во Собранието, Јавното обвинителство побара од МВР да приведе 15 учесници меѓу кои и организаторите на протестите Богдан Илиевски, Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски.

Следниот ден, Дамјан Манчевски на прес конференција во седиштето на СДСМ со име и фотографија посочи дел од напаѓачите кои тепаа пратеници. Меѓу нив се најдоа имињата на поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела, вработени во полицијата, армијата и државната администрација, како и луѓе блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Лицата посочени од Манчевски беа:

–              Димче Христоски — двоен убиец и поранешен припадник на единицата „Лавови“

–              Никола Митревски — три пати осудуван на казна затвор

–              Игор Југ — осуден за силување и убиство, член на новоформираните „патриотски здруженија“

–              Горан Ангелов — член на новоформираните „патриотски здруженија“

–              Мунир Пепиќ — вработен во Агенција за разузнавање

–              Митко Михајловски — вработен во МВР

–              Андреј Илиев — потполковник во АРМ

–              Александар Атанасов — директор на ЈП Водовод и канализација

–              Мартин Стојановски — вработен во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

–              Јордан Мијалков — син на Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК

–              Аднан Мемед — шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалник на општина Шуто Оризари

–              Предраг Петрушевски — обезбедување на Тарчуловски

Министерот за внатрешни работи Нухиу изјави дека полицијата потфрли во справување со толпата и дека ќе бара одговорност за доцната реакција. Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, кој се товари за организирање на крвавиот четврток, и кој за време на упадот беше во Виена ги обвини СДСМ за инцидентот велејќи дека со тоа сакале да го тргнат вниманието на јавноста од изборот на Џафери за претседател на Собранието. Од Беса изјавија дека насилството во Собранието е координирана акција помеѓу полицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса за Албанците повика на смиреност, констатирајќи дека дојде крајот на тоталитарниот фашизам на Груевски.

МВР во јуни истата година изготви извештај за полициските пропусти при насилството во македонското Собрание. Од работа беа суспендирани 23 полицајци, а за 45 се покрена дисциплинска постапка.

За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Од повеќето обвинети само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски  добија затворска казна од 15 години. Оливер Поповски е осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор.

Петнаесетмина од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија. Позитивно мислење по барањата за амнестија, добија пет пратеници – Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер, Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Истрагата за поранешниот премиер Никола Груевски кој се наоѓа во азил во Будимпешта, како и ексразузнавачот Никола Бошковски како дел од организаторите на крвавиот четврток е запрена, додека не станат достапни на органите за прогон.

Судењето за организаторите на насилствата сѐ уште е во тек, а во овој предмет обвинети се и Трајко Велјаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

Тој 27 април 2017 година ќе остане забележан како датум кога се изврши обид за убиство на демократијата.

подготвија: Дијана Тахири и Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлнападСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ