• Latest

Републиканците го блокираа етичкиот извештај против Мет Гаец, еден од контроверзните ликови од внатрешниот круг на Трамп

November 21, 2024
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Републиканците го блокираа етичкиот извештај против Мет Гаец, еден од контроверзните ликови од внатрешниот круг на Трамп

Републиканците во Претставничкиот дом гласаа за да го блокираат објавувањето на извештајот на Етичкиот комитет за наводите за сексуално недолично однесување и употреба на недозволени дроги против Мет Гаец, изборот на Доналд Трамп за државен обвинител

November 21, 2024 13:09
in ИЗБОРИ ВО САД, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Републиканците во Претставничкиот дом гласаа за да го блокираат објавувањето на извештајот на Етичкиот комитет за наводите за сексуално недолично однесување и употреба на недозволени дроги против Мет Гаец, изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител, поставувајќи можен уставен судир меѓу Домот и Сенатот.

Одделно, како што пренесува Њујорк тајмс, федералните истражители утврдија трага на плаќања од Гаец на жени, вклучително и некои кои сведочеа дека тој ги ангажирал за секс, според документот до кој дојде Тајмс и адвокатот што застапуваше некои од жените.

Документот покажува мрежа од илјадници долари во исплати на Венмо помеѓу Гаец и група негови пријатели, соработници и жени со кои имале секс забави поттикнати од дрога помеѓу 2017 и 2020 година, според сведочењето за кои се вели дека учесниците ги дале на федералните и конгресните истражителите.

Последно, Гаец, кој предходно омаловажи некои републикански сенатори чии гласови сега му требаат да биде потврденкако државен обвинител, вчера отиде во Капитол Хил за да ја добие поддршката од клучните членови. Сенаторот Џеј Ди Венс, новоизбраниот потпретседател, го воведе на состаноците.

Во ивој контекст, не толку одамна, номинираните за работни места на високо ниво требаше да бидат без прекор, до точка каде релативно мало даночно прашање можеше да ги попречи, пишува Карл Хулс во својата анализа. Но, времињата очигледно се менуваат.

За потсетување, одлуката на Трамп да го номинира Гаетц како иден државен обвинител е само дел од повеќето, најблаго кажано, контроверзни номинации на Трамп кои веќе почна да ги објавува како свој избор за кабинетот, како и други високи владини функционери и клучни советници за политика.

Некои од назначените од Трамп се искусни политичари, како што се сенаторот од Флорида Марко Рубио и поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, но неколку други – вклучувајќи го и најбогатиот човек на светот, контроверзниот сопственик на Х и Тесла, Илон Маск и водителот на Fox News, Пит Хегсет – никогаш предходно  не биле избрани на јавна функција.

А откако во петокот Трамп објави дека антиваксерот со неортодоксни ставови за медицината, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој нема ниту диплома за медицина или јавно здравје, ќе биде секретар за здравство и човечки услуги во неговата администрација, веќе вчера, како што објави Гардијан, Трамп го избра Мехмет Оз, најпознат по тоа што глумеше во неговото истоимено дневно ток-шоу повеќе од една деценија и силно наклонето кон Трампизмот за време на неговата неуспешна трка во 2022 година за место во Сенатот на Пенсилванија, да ги води Центрите за Медикер и Медикејд услуги (CMS). Кардиоторакалниот хирург, кој се соочи со огромна реакција од медицинската и научната заедница за ширење дезинформации во екот на пандемијата со „Ковид-19“, ќе ја надгледува агенцијата која работи со годишен буџет од 2,6 трилиони американски долари и обезбедува здравствена заштита на повеќе од 100 милиони луѓе.

Драган Мишев

Tags: Доналд Трампетичкиот извештај против Мет ГаецрепубликанциСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ