КИРО РИСТОВСКИ
Моменталната состојба во сообраќајот во градот Скопје е: големи гужви, споро движење на возилата низ градот, што предизвикува доцнење, нервози, небезбеден сообраќај и поголемо загадување на воздухот.
Како одминува времето, состојбата се влошува и неопходно е потребно да се преземат научно-технолошки мерки, за подобрување на протокот во сообраќајот и елиминирање на негативните појави.
Секако дека треба на темата и проблемите да се пристапи стручно и научно, но факт е дека е неопходно да се отпочне со решавање на овој секојдневен проблем во градот Скопје.
Неопходно е потребно сообраќајот да се регулира и контролира секојдневно, посебно во вршните часови. Хоризонталната и вертикална сигнализација мора да биде беспрекорна, светлосната сигнализација да биде ускладена и синхронизирана. Потребно е да се направи денивелирање на најфреквентните крстосници во централното градско подрачје. Потребно е да се направат бајпаси на места каде што на километри нема сообраќајници (подвозник, надвозник, мост) кои треба да ги спојуваат густо населените делови од градот (Аеродром-К.Вода, Аеродром-Г. Баба).
Имаме еден феномен во градот кој допринесува за влошување на и така лошата состојба во сообраќајот, а истата може да се реши ефикасно со не многу средства, а тоа е обуката на возачите во градот Скопје.
Имаме состојба на преголем број на возила од автошколите по градските сообраќајници, а најголем број се во најгусто населената општина Аеродром. Потребата од обука на нови возачи е неопходна, но обука на возачи треба да се одвива на друго место а не во градот (необучени споро реагираат, споро возат, им гаснат возилата). Во градот да се реализираат последните 2-4 часа, неопходни за обука во возење во градски услови.
За таа цел предлагаме, според потребата за обука на возачи во град Скопје, да се направи капацитативен полигон, со дел градски сообраќајници, како и симулатори, каде што ќе се спроведува обуката на идните возачи како да возат, да ги совладаат возачките вештини и обучат во возење во градски услови на полигонот. Така обучени кандидати за возачи на полигон, последните 2-4 часа од обуката да излезат во градот да се обучат во возење во реален градски сообраќај, но не во вршните часови, наутро и попладне.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.