• Latest

Ретроспектива филмови од Бергман по повод 100 години од неговото раѓање

September 25, 2018
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ретроспектива филмови од Бергман по повод 100 години од неговото раѓање

September 25, 2018 10:13
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмски циклус посветен на 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман (1918-2007) организира Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје. Ретроспективата ќе почне в петок од 20 часот со филмот „Лето со Моника“ кој Бергман го режирал во 1953 година по сценарио на Пер Андерс Фогелстрем. Според критиката, овој филм на Бергман ги навестил неговите подоцнежни тематски преокупации – анализа на психата на жените, по што станал препознатлив автор. 

В сабота од 18 часот ќе биде прикажан шведскиот документарен филм од 2005 година „Островот Бергман“ во режија на Мари Ниреред. Документарецот е на шведската национална телевизија и е трилогија во која Бергман говори за неговата работа на филм, во театар и за островот Форе. Сите три документарни филмови се, главно, снимени во домот на Бергман на малиот остров во Балтичкото Море. Форе бил своевиден азил на Бергман, а режисерката Ниреред била прва документаристка што имала пристап во неговиот дом.

По проекцијата на документарниот филм, од 20 часот ќе биде прикажан култниот „Седмиот печат“ снимен во 1957 во кој Бергман е сценарист и режисер.

Бергман

На 30 септември (недела) од 18 часот уште еден документарец за мајсторот на филмот – американскиот „Навлегувајќи во Бергман“ во режија на Јан Магнусон и Хинек Палас во кој учествуваат Томас Алфредсон, Вуди Ален, Вес Андерсон.  Документарецот ги обединува кажувањата на, веројатно, најрепрезентативната група режисери, актери и сценаристи на денешнината, собрани во еден филм. Дел од соговорниците на Јан Магнусон и Хинек Палас доаѓаат на островот Форе, во домот на Бергман, каде што ги споделуваат личните впечатоци и размисли за него, а дел се снимени во местата низ светот каде што живеат и работат.

Меѓу учесниците во документарецот се и неговите омилени актерки Хариет Андерсон и Пернила Аугуст, како и Френсис Форд Копола, Роберт де Ниро, Михаел Ханеке, Томас Винтерберг, Ларс фон Трир, Такеши Китано, Изабела Роселини, Мартин Скорсезе, Александер Пејн…

Неделната вечер од 20 часот ќе биде прикажан и „Диви јагоди“ – авторски филм на Бергман од 1957 година. Оценет како репрезентативно дело на психолошкиот жанр, филмот го потврдил Бергман како еден од најголемите автори во светската кинематографија во втората половина на 20 век. Освои „Златен глобус“ за најдобар странски филм, БАФТА и „Златна мечка“ на Берлинале, а беше номиниран и за „Оскар“.

Од 1-ви до 4 октомври со почеток во 20 часот ќе бидат прикажани уште четири познати остварувања во кои Бергман сценарист и режисер:  „Персона“ од 1966, оценет како ремек-дело на филмскиот модернизам и како најекспериментално дело во опусот на Бергман (1 октомври); „Есенска соната“ од 1979 година, награден со „Златен глобус“ за најдобар странски филм, во кој ликот на Шарлота е последната филмска улога на Ингрид Бергман (2 октомври).

На 3 октомври ќе биде прикажан  „Фани и Александер“ од 1983, според многумина тестаментарно дело на Бергман, своевидна синтеза на неговите авторски преокупации. Филмот е делумно инспириран од неговиот живот и е добитник на четири Оскари – за најдобар странски филм, фотографија, костимографија и сценографија.

На последниот ден од циклусот посветен на Бергман, 4 октомври, ќе биде прикажан последниот негов филм „Сарабанд“ снимен во 2003 година. Изворно е реализиран како телевизиски филм и продолжение, по три децении, на култната ТВ-серија „Призори од брачниот живот“. (МИА)

Tags: Ингмар БергманКинотека на Македонијарежисерсценарист
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ