Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, на својот Твитер налог сподели објава, во која тврди дека ознаката „Z“, која што ја користат Русите на својата борбена техника е , всушност, добро позната нацистичка ознака од Втората светска војна.
Резников во својата Твитер објава напиша:
Руските окупатори со нацистичката ознака ”Z”, што Русите ја користат на нивната борбена техника, е доста добро позната.
Во 1943 година во близина на концентрациониот камп „Заксенхаузен“ беше станицата „Z “каде што беа извршени масовни убиства. Содржеше специјален уред за пукање во грб, гасна комора.
Ова е тој руски свет.
Д.М.