• Latest

„Реформи“ во медиумите на дело: МПМ дели откази за новинари!

July 27, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Реформи“ во медиумите на дело: МПМ дели откази за новинари!

July 27, 2016 17:08
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Можеби во кризниот период за печатените медиуми, отказите на дваесеттина новинари и технички кадри од медиумите на Медиа Принт Македонија – МПМ, не ќе беа топ-вест, доколку токму во овој период, партиите-потписнички на Договорот од Пржино, не ветеа реформи во медиумите, кои треба да го стопираат клиентелистичкиот однос на релација: политика-медиуми, и да се врати новинарството на некогашната позиција во македонското општество, како еден од трите клучни услови за предвремени слободни и фер избори.

Според најавите, утре попладне се очекува најавените законски измени (за Влада, за медиуми, за МВР) да бидат ставени на дневен ред во Собранието. Но, тоа ништо нема да смени во статусот на досегашните вработени во МПМ, кои остануваат практично, на улица.

drh

Менаџментот на МПМ тврди дека причините за отказите се економски и дека не се избркани 20-мина (како што објавија утрово дел од медиумите), туку вкупно, 18 вработени.

„Отказите на 18 новинари и технички кадри се исклучиво од економски причини“, кусо изјави за ЦИВИЛ Медиа, Александар Динев, еден од управителите на МПМ.

Тој ги избегна сите други одговори на поставените прашања, со изговор дека нема време. Одби да го прокоментира и на прашањето – зошто отказни решенија се делат токму во време, кога медиумите треба да го дадат својот придонес кон објективното и балансирано информирање на јавноста, што пак е услов за кредибилни избори.

Најголем број отказни решенија се поделени на вработени во дневниот весник „Вест“. Според извори на ЦИВИЛ Медиа, раководството на МПМ донело одлуки за откази на одредени позицииво редакциите, а конкретните имиња ги донесувале раководствата во редакциите.

Главниот уредник на „Вест“, Горан Петрески кој е на годишен одмор, не успеавме да го контактираме. Заменик уредничката Јасмина Миронски ни изјави дека одлуките за откази се донесени уште пред еден месец.

„МПМ од економски причини врши рестрикција на кадри. Не сум лично инволирана во кадровските решенија, ниту знам по кој критериум и кој ја вршел селекцијата. Но, новите кадровски промени нема да се рефлектираат врз квалитетот на работата на весникот, зашто дел вработените и досега ништо не работеа!“, изјави Миронски за ЦИВИЛ Медиа.

тфг

Еснафските асоцијации – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) се огласија со свои реакција по последните откази во МПМ. Според ЗНМ, отказите се смислен удар врз професионалното новинарство и слободата на медиумите, а МПМ е типичен пример како медиумите се користат како монета за поткусурување, задоволување на интересите на нивните сопственици и власта.

„По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите откази, менаџментот се пресметува со новинарите основачи на весникот, кои не дозволуваат да се злоупотреби новинарството поради интересите на власта. Откако новиот уредувачки тим не успеа да го искористи старото руво на ‘Вест’, за да се протурат ставови на власта, менаџментот се реши да го умртви весникот. Со откази, менаџментот на компанијата не ги решава причините на кризата. Само во недемократски земји, медиумите се жртвуваат поради клиентелистичките односи на политиката и бизнисот“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Според ССНМ, причините за лошите финансиски резултати,  МПМ треба да ги бара во лошото менаџирање, а не – вработените да ја платат цената.

„Клучот е во производство на слободен новинарски продукт, ако тоа го забраните – сте го осудиле медиумот на бавна смрт. Синдикатот е апсолутно, недвосмислено против отпуштањата и тоа им е кажано и на претставниците на менаџментот  и на последната средба. Ние сме и против начинот на бодирање, што му дава неограничена слобода на главниот и одговорен уредник, кој изврши бодирање и замина на одмор, за – претпоставуваме – да не мора да ја сведочи егзистенцијалната драма која ја предизвика  со своите бодови,  коишто овозможија  да бидат отпуштени самохрани мајки со децениски стаж во весникот и професионалци пред пензија“, реагираат од ССНМ.

13522685_10153879735093740_427282153_n

Но, за Македонската асоцијација на новинари,отказните решенија на вработените од „Вест“ се извршени согласно професионални стандарди.

„Важно е дали правно-формално се почитувани професионалните и социјалните стандарди и дали истите се однапред и јавно познати за вработените во МПМ.
Од професионалните стандарди, што е предмет на интерес на МАН, истите се почитувани со тоа што 50% од бодовите се добиваат според професионалните квалитети на вработените. Воедно, МПМ навремено им најави на вработените дека се подготвува нова систематизација“, стои во писмената изјава на Ивона Талевска, претседател на Извршен одбор на МАН, испратена до ЦИВИЛ Медиа.

МПМ подолг период го намалува бројот на вработени, меѓу нив, и квалитетни новинарски кадри, кои се бренд во македонската новинарска фела. Платите и хонорарите на вработените и дописниците се намалени повеќекратно, откако МПМ, од германска компанија ВАЦ, го откупи групацијата Орка Холдинг. Оттогаш, се чини дека медиумите уште повеќе ја загубија својата медумска независност. Уредувачките политики се менуваа, а просторот на објективно новинарство се стеснуваше. Денес, од некогашните медиумски брендови и најтиражни дневни весници – „Вест“, „Дневник“ и „Утрински весник“, останаа само архивите како потврда за квалитетот на новинарскиот занает, а по кадровските ампутации и финансиските рестрикции, весниците имаат речиси целосно провладина уредувачка политика.

 

Моника Талеска

Tags: МакедонијаМАНМедиумиМПМотказРедакцијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ