Проектот “Заедничка акција за итни реформи во судството” е наменет за зајакнување на транспарентноста, очетноста и професионалноста на органите на правосудството.
Целта на проектот е даде слика на реализирањето на итните реформски приоритети во правосудството и на долгорочно ниво да се воспостави пракса на поголема отчетност, транспарентност и професионалност на правосудните органи кои треба да овозможат полесен пристап до независен и непристрасен суд на сите граѓани.
Координацијата на активностите на овој проектот ќе се спроведуваат од Скопје, а одредени активности ќе се реализираат и во други градови во Република Македонија.
Целните групи кои се засегнати од овој проект се креаторите на политиките, односно Владата на Република Македонија, Собранието, Министерството за правда, граѓанскиот сектори, сите граѓани на Република Македонија, како и Судскиот совет на РМ, Советот на јавни обвинители, судовите, Совет за утврдување факти, Академијата за судии и јавни обвинители, професионалните здруженија во правосудството, Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП во РМ и Биро за застапување на РМ пред ЕСЧП.
Временската рамка на проектот е 12 месеци, а ќе го спроведува Институтот за човекови права заедно со Македонското здружение на млади правници и Институт за европска политика. Овој проект кој започна во јули годинава и ќе трае до 30.06.2018 година, е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија