• Latest

Реформите од Планот 3-6-9 се заокружуваат на 17 април

March 31, 2018

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реформите од Планот 3-6-9 се заокружуваат на 17 април

March 31, 2018 17:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите од Планот 3-6-9 се заокружуваат на 17 април. Најголем дел од активностите за кои беше надлежна Владата се исполнети. Останува да заврши собраниската постапка на последните предлози за измени и дополнувања на неколку законски решенија која се очекува да се заокружи до средината на претстојниот месец, информираат од владината прес-служба.

Оттаму нагласуваат дека реформите од Планот 3-6-9 ги забрзуваат интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО.

„Со 17 април, денот на објавувањето на Извештајот на Европската Комисија, се заокружува периодот предвиден за реализацијата на итните реформски проекти на Владата на Република Македонија, Планот 3-6-9, кој беше промовиран на 5 јули 2017 година, само еден месец откако започна со работа актуелниот состав на Владата. Планот 3-6-9 беше проект за враќање на брзата трака на евро-атлантските процеси, за рехабилитација на функциите на институциите после политичката криза и за иницирање и спроведување реформи во клучните области што произлегоа од извештаите на високата екпертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците на прегововорите во Пржино“, велат од Владата.

Клучните реформски приоритети, појаснуваат, се однесуваа на обезбедувањето услови за функционален демократски парламент; на реформите во правосудството; на реформите во медиумите; на борба против организираниот криминал и корупцијата; на реформите во јавната администрација; на реформите во безбедносните служби; на промените за обезбедување фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации, како и на кохабитацијата со претседателот на државата.

„Овој процес резултираше со опоравување на институциите за да бидат во служба на граѓаните, ги забрза интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО и овозможува подобар живот за граѓаните“, посочуваат од Владата и нагласуваат дека придонесот од сите институции и нивоа на власт е клучен за успех на реформите.

Освен насоките што дојдоа од извештаите на високата екпертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците од преговорите во Пржино, додаваат, реализацијата на Планот 3-6-9 е опфатена и во Програмата за работа на Владата 2017-2020 и ги следеше и: препораките од средбите на високо ниво со претставниците на институциите на ЕУ, насоките од Европската комисија во Итните реформски приоритети (2015), Препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како и низата препораки до Владата од изминатите неколку години од телата на Советот на Европа (Венецијанската комисија, ГРЕКО), препораките на ОБСЕ/ОДИХР, наодите и препораките од годишните Извештаи на Европската комисија, вклучително и од Пристапниот дијалог на високо ниво, заклучоците од министерскиот дијалог за Програмата за економски реформи, заклучоците од редовните состаноци на телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, документот подготвен од група граѓански организации насловен како „Предлог за Итни демократски реформи“ (Блупринт) и резултатите од консултациите со граѓанското општество.

„Во следниот период, веднаш по усвојувањето на последните предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, Владата на РМ ќе направи сумирање на резултатите од овој процес за што јавноста ќе биде детално запознаена“, порачуваат од Владата.


Извор: МИА

Tags: владаПлан 3-6-9реформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ