• Latest

Регионални избори во Каталонија: Компромисот како предизвик

December 20, 2017
Фото: МИА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, денеска пред пратениците

July 9, 2025

Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Регионални избори во Каталонија: Компромисот како предизвик

December 20, 2017 09:11
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на шпанскиот автономен регион Каталонија утре гласаат на предвремени избори за членови на регионалниот Парламент во Барселона.

Изборите беа распишани на почетокот на октомври, откако централната Влада во Мадрид го активираше членот 50 од Уставот на Шпанија, со што ја укина автономијата на Каталонија и воведе директна управа над регионот, како одговор на одлуката на властите во Барселона за еднострано прогласување независност. Со укинувањето на автономијата, Мадрид ги распушти каталонската Влада и Парламент и распиша предвремни регионални избори.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој се надеваше дека на тој начин ќе добие на време за да се смират страстите по прогласената независност на Каталонија и одлуката за апсење на дел од каталонските регионлани лидери под обвинение за антидржавни активности, бунт, организирање бунт и злоупотреба на државни средства.

Дел од сепаратистичките лидери беа притоворени, а дел, предводени од претседателот на разрешената каталонска регионална Влада, Карлес Пуџдемон, заминаа за Брисел во обид да избегнат лишување од слобода. Во меѓу време, Врховниот суд на Шпанија ги ослободи од притовор со кауција уапсените лидери и ја повлече меѓунардоната потерница по „бегалците“ во Брисел.

Одлуката на Судот беше протолкувана како обид на Мадрид да го избегне создавањето на „ефектот на маченици“, доколку регионалните лидери останеа во притвор и им биде оневозможено учество на изборите. Со ослобдувањето на уапсените од привор и со повлекување на потерницата, на каталонските лидери им е овозможено да учествуваат на изборите, со што Мадрид се обиде да манифестира демкратичност и толерантност.

Од друга страна, „бегството“ на Пуџдемон и четворица министри од неговата разрешена Влада во Брисел, предизвка поделби во каталонскиот сепаратиситчки блок. Едни оценуваа дека Пуџдемн бил „принуден да замине во егзил“, додека други го обвинија дека „бега од одговорноста“.

Пуџдемон од Брисел апелираше до сепаратистичките партии да настапат заедно на изборите, оценувајќи ги како „референдум за независност“. Сепак. повикот на Пуџдемон не беш прифатен од сепаратистичките партии, кои на утрешните избори ќе настапат со три посебни изборни листи.

Постапката на Пуџдемон, заедно се неговите критики кон „декедентната Европска унија“ и неединството на сепаратистите, според аналитичарите, ќе имаат последици врз сепаратиситчките партии на изборите. Мнозинството Каталонци се цврсто определени за членство во Унијата, а евентуалната независност на Каталонија, според најавите од Брисел, би значело нејзино исклучување од блокот по автоматизам.

Опасноста дека ќе останат надвор од ЕУ, заедно со најавите за повлекување на голем број компании од регионот, дополнително ги зголеми стравувањата на Каталонците околку економската иднина, што се оценуваат како негативни поени за партиите застапници на независноста.

Кога станува збор за политичкиот спектар во Каталонија, традиционалната поделба на левица и десница, не ја отсликува и поделбата за и против независноста.

Така, на левата страна на политичкиот спектар прогресивното левичарско движење Ние можеме (Подемос) се противи на еднострана независност и бара обврзувачки референдум на кои Каталонците би се изјасниле за оваа прашање и неговите резултати би били признати од Мадрид.

Од редовите на левицата, јасно против независноста е Социјалистичката партија на Каталонија (ПСЦ), која е сестринска партија на наголемата шпанска опозициска сила, Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ).

Од друга страна, водечката каталонска левичарска партија Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), е една од трите главни сепаратистичики сили во регионот. На изборите ЕРЦ настапува заедно со три помали партии во коалицијата Републиканска левица на Каталонија – Да Каталонија (ЕРЦ-ЦатСи).

Левото крило на политчкиот спектар го заокружува екстремно левичарската Кандидатура за народно единство (ЦУП), која има најрадикални ставови и барања за самостојност на Каталонија.

На десниот политички спектар досега водечка сила беше десноцентристичката Каталонска европска демократка партија (ПДеЦАТ) на Пуџдемон, која е главен застапник на независноста на Каталонија. На изборите ПДеЦат предводи коалиција на сепаратистички партии и непартиски личности наречена Заедно за Каталонија,

Главен противник на независноста е каталонскиот огранок на конзервативната Народна партија (ПП) на шпанскиот премиер Рахој, Народната партија на Каталонија (ППЦ).

Некаде помеѓу двата блока е центристичката партија Граѓаните (Сиудаданос), која не ја поддржува незавосноста, но на изборите се обидува да се наметне над ова прашање и приоритет да им даде економијата и социјалнта правда, нагласувајќи дека гласањето не е избор меѓу две опции.

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека се очекува Сиудаданос да освои најмногу гласови – меѓу 21,2 и 24,1 отсто, со што би обезбедила од 30 до 33 места во регионалниот Парлемент, пред коалицијата на ЕРЦ, која може да се надева на меѓу 20,7 и 21,3 проценти од гласовите и 30 до 32 мандати.

На трето место е коалицијата Заедно за Каталонија на Пуџдемон со меѓу 18 и 19,5 остсто поддршка, со што може да освои 27 до 29 претеници, пред социјалистите за кои би гласале меѓу 14,1 и 15,9 проценти од гласчите, што би им донело 18 до 23 места во Парламентот.

Блокот на Подемос ужива поддршка на меѓу 6,8 и девет проценти од гласовите, со што може да се надева на осум до 11 мандати, пред ЦУП со 6,5 до 8,5 отсто и седум до десет пратеници и ППЦ, која може да очекува од пет до 5,7 проценти и пет до седум места во Парламентот.

Ваквите резултати укажуваат дека партиите што ја поддржуваат независноста – ЕРЦ, Заедно за Каталонија и ЦУП, најверојатно ќе го загубат мнозинството што го имаа досега во Парламентот во Барселона. Но, од друга страна можно е мнозинство да не обезбедат ниту умерените партии што се залагаат за останување на Каталонија во Шпанија – Сиудаданос, ПСЦ и ППЦ.

Тоа би го наметнало популистичкото движење Подемос како клучен фактор од кој ќе зависи формирањето на идната каталонска влада, што би можело дополнително да ги искомпликува состојбите во Каталонија.

Утрешните избори се оценуваат како исклучително важни, бидејќи од нив не зависи само иднината на Каталонија и на Шпанија, туку и иднината на самата Унија, а тие можат да се одразат и врз случувањата во други европски земји каде постојат сепаратистички тенденции на одредени региони или малцински групи.

Гласањето ќе биде и клучен тест за шпанската демократија, бидејќи независно од изборните резултати, извесно е дека на крајот дијалогот и компромисот ќе останат единствените добри опции за излез од каталонската криза.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориКаталонијанезависностПучдемонШпанија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ