„Во времето на претходната владејачка структура национализмот заземаше повисоко ниво, како на локално така и на национално ниво. Национализам сè уште постои, но, се трудиме тој да биде маргинилизиран или игнориран во намала рака“, вели активистот Дејан Ристов, од Велес.
Во однос на тоа дали државата доволно се грижи за екологијата Ристов вели дека оваа власт сепак прави нешто за здрава животна средина, но тоа не е доволно.
„Мислам дека може многу повеќе и никогаш не е доста од здрава животна средина“, додава Ристов.
На прашањето дали има социјалната правда во државата, Ристов вели дека со последните донесени закони има позитивни промени, како на пример покачувањето на социјалната помош, но, додава дека треба уште многу да се направи за Македонија да стане конечно вистински социјална држава.
Камера и обработка на текст: Ангела Петровска
Монтажа: Ариан Мехмети