• Latest
Signe cartoon
TOON01
The Cleanup

Ромите се главните крадци во земјава!

April 20, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Ромите се главните крадци во земјава!

April 20, 2021 17:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Signe cartoon
TOON01
The Cleanup

Signe cartoon TOON01 The Cleanup

Share on FacebookShare on Twitter

Ромите се, повторно, главните и единствени крадци во градов, овој пат, на велосипеди! „Секој трет велосипед“ во Шуто Оризари, е украден, а единствена информација или „доказ“ дека се украдени, е тоа дека се – префарбани!

Ова го вели лик што се крие зад Фејсбук профилот Albert Black, на Фeјбук страницата Украдени точаци. Навидум и површно гледано, ликот пишува со смирен и културен, речиси во стил на репортажа, со кој нè води низ неговата прошетка низ скопската општина Шуто Оризари, каде што забележал дека секој трет велосипед по улиците, е префарбан, што според него, автоматски е и украден. Понатаму, следи описот на луѓето што ги возеле тие велосипеди. Вели – „Облечени со стари валкани алишта“ (се погрижил, односно во своето пишување е доволно претпазлив да не го користи етничкиот предзнак на поголемиот дел од населението во оваа општина, а тоа се Ромите), возат убави велосипеди! Ликот прошетал и низ споредните улички, и забележал уредно дека во секој двор има по минимум еден велосипед од кои голем број се префарбани, а некои и расклопени, што според него е доволен доказ дека се украдени. Па потоа бара полициски контроли на четири крстосници што водат до Шуто Оризари, за да се намалат кражбите за 50 отсто.

Објавата е придружена со коментари со поддршка до профилот на Алберт Блек и, секако, со јасно и недвосмислено убедување дека велосипедите што може да се видат во гореспоменатата општина, се украдени. Односно, сложни се околу приложеното, дека Ромите користат само велосипеди што ги украле. Со исклучок на еден член на групата кој ја посочува потребата од решавање на проблемот со зачестените кражби на велосипеди, но и ги замолува да ја тргнат објавата бидејќи е заснована на јавна осуда на една цела етничка заедница, врз основа на предрасуди и перцепција.

„Денес бев во Шуто-Оризари и секој трет велосипед што го видов како го возат по улица беше префарбан. Извозев малку и по споредните улички и скоро во секој двор има по минимум еден велосипед од кои голем број беа префарбани, а некои беа и расклопени. Видов и луѓе со стари валкани алишта како возат убави велосипеди. Мислам дека голем број од нашите украдени велосипеди завршуваат таму. Мислам дека со поставување на полициски контроли на следните четири крстосници кои водат до Шуто-Оризари, кражбите на велосипеди би се намалиле за најмалку 50%. Полицијата ќе треба да ги легитимира сите сомнителни лица кои возат велосипеди кон Шуто-Оризари и да го фотографираат велосипедот, а особено ако забележат дека на велосипедот нема систем за заклучување. Така, откако оштетениот ќе пријави кражба на велосипед со одредени карактеристики, полицијата ќе може веднаш да реагира. За да се спроведе ова, доволни се 16 полицајци – по двајца на пункт во две смени по 12 часа. Дури и да не даде резултат, треба да се проба. Има ли МВР, односно СВР-Скопје волја да го направи ова??“, пишува во објавата на страницата Украдени точаци.

Само пред еден месец, слична објава за кражба на домашен миленик, имаше од извесен Фејсбук профил Емилија Малите Палавковци, која гласи -„Денес РОМИТЕ ми ја украле од двор! Има дом, треба на 25-ти да патува за Германија. Мора ли се да се краде кај ќе се стигне?“, за којашто пишуваше Дехран Муратов од ЦИВИЛ на 9 март, 2021 во колумната „Се знае дека Ромите се тие што крадат, па дури и кучиња!“

Ромската заедница во земјава, според некои Фејсбук „експерти“ има предиспозиции (според етничката припадност, нели) кон криминални дејства како што се кражби, во прв ред. Понатаму, тие се склони кон сè друго за кон што „белците“ во општеството немаат предиспозиции (етнички нели). „Белците“ се чувствуваат посупериорни од секој што не е она што се тие, а сите заедно, се чувствуваат, делуваат и се однесуваат супериорно во однос на Ромите.

Во 2017 година, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, поранешниот градоначалник на општина Штип, Илчо Захариев, на прашање за проблемите на општината во однос на екологијата, изјави дека најголемиот и единствен проблем е тоа што Ромите ги сечат шумите.

„Најголем еколошки проблем е неконтролираната сеча на дрва во потплачковичкиот регион, каде лица од ромска националност, секојдневно уништуваат и приватни, но и државни шуми. Исечени се бесправно и на диво, илјадници хектари шуми. Други еколошки проблеми немаме,“ изјави тогашниот градоначалник на Штип, Захариев, посочувајќи ги Ромите како главни дрвокрадци, без притоа да упати на докази за своето тврдење.

Супериорноста над Ромите, во светски размери, како и кај нас, се манифестира со непријателски, дискриминаторски и расистички посочувања кон Ромската заедница, а се нарекува Антициганизам.

„Идејата за расна супериорност е вселена во секое соседство, во секоја куќа, без оглед на етничката припадност и без оглед на тоа дали се работи за мнозинска или малцинска заедница, без оглед на тоа дали и самата заедница, што ги дискриминира Ромите, се соочува со дискриминација, стигматизација, предрасуди и стереотипи. На практични, секојдневни нивоа, тоа е преточено во едно општоприфатено потценување, презир и отфрлање на Ромите во секоја животна прилика. Освен политичарите, заслужни за ова се и интелектуалците кои се или архитекти на културата на мразење или молчешкум ја прифаќаат и ја пренесуваат без приговор омразата и идеологијата на супериорност од генерација во генерација“, пишува Џабир Дерала во анализата „Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“.

Постојаното стереотипизирање и стигматизирање на Ромската заедница  што најчесто завршува и со расистички изрази, фактички е отсликување на отсуство на детектирање и препознавање дефекти и аномалии кај поединци во своите заедници, со редовно колективно пренасочување на истите кон целата ромска заедница во земјава, односно, одбивност кон секакви позитивни и прогресивни карактеристики на една етничка заедница како што е ромската.

Дијана Тахири 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ