По повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите, ќе се одржи затварање и прогласување на победниците на овогодишниот 16-ти по ред Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало 2018“.
Главниот настанот ќе се случи на 11 април 2018 годин, со почеток од 19:00 часот во Кинотека на Македонија.
„Инаку и оваа година за наградата „Гранд При Златно тркало 2018“ ќе учествуваат 10 документарни филмски остварувања од САД, Грција, Холандија, Германија, Унгарија, Србија, Бугарија, Франција и Египет“, соопштуваат организаторите на настанот, СП Продукција БТР.
На фестивалот ќе биде прикажан документарниот филм „Локални херои – Светски таленти“.
Д.М.