• Latest

Репортажа: „Февруарски поход“ на ЦИВИЛ

February 29, 2016

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home КУЛТУРА

Репортажа: „Февруарски поход“ на ЦИВИЛ

February 29, 2016 15:52
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната сабота на мобилниот тим на ЦИВИЛ помина во дух на ослободување и активирање на граѓанките и граѓаните во Пелагонискиот регион, во заедничка комуникација, поддршка и соработка за првиот чекор кон слободата и демократизација на Македонија – престојниот изборен процес.

Прилеп нé пречека сончев и активен. Врвулицата од луѓе на градскиот плоштад пријатно не изненади. Мобилниот тим на ЦИВИЛ го искористи убавото време за директна комуникација со над стотина граѓанки и граѓани на Прилеп за политичката состојба, гласачкото право и за потребните чекори за да се спроведат слободни избори. Интересот за проектот и особено за учество во повикот за позициите во проектот беше изненадувачки голем. На плоштадот се поделија над 1.500 парчиња информативен материјал за само два часа. Претставниците на ЦИВИЛ дадоа изјави за локалните медиуми, а се сретнаа и со претставници на граѓанското опшетство и на политичките партии.

Но, ентузијазмот полека почна да спласнува кога под споменикот на Крали Марко, уредникот на ЦИВИЛ, беше најмладиот меѓу повозрасните прилепчани, главно пензионери, кои пладнуваа на клупите, и користејќи го убавото предпладне, евоцираа спомени од некои подобри времиња. На прашањето кое се наметна – за тоа каде се младите,  следеа тажни одговори дека младите треба да ги бараме во јуни, кога ќе се вратат од печалба, на бродовите или нафтените платформи, од Италија или од Германија, колку да го видат семејството пред, нетрпеливо, пак да заминат…

Уредникот на ЦИВИЛ меѓу прилепските пензионери
Уредникот на ЦИВИЛ меѓу прилепските пензионери

Прилепчани отворено ги поддржаа активностите на ЦИВИЛ, со желба да помогнат во процесот на спроведување на слободни избори, активно набљудувајќи и известувајќи за сите нерегуларности поврзани со изборниот процес. Прилеп го напуштивме позитивни и среќни што успеавме да допреме до прилепчани.

Следејќи го патот од Прилеп кон Могила, пејсажот се менува, а сонцето полека го губи сјајот под натежнатите облаци. Патот пуст, без ниту еден автомобил  да не одмине. Два-три трактори, 30 луѓе, мртви села, рѓосани силоси, напуштени фабрики… Како времето бавно поминува. Три кафиња во Могила чинат како едно кафе во Скопје.  Очгледно, тука може да се живее и со 100 евра. Едно суредено плоштадче, но ниедна баба да го шета своето внуче. Младите ги прашавме како се живее, рекоа – добро! Тишината напласнета во Могила, во сивилото на саботното попладне е како скаменет, врамен миг, во време на политички турбуленции и живот за унапредување на чиј квалитет, како времето да е без време да го достаса…

Могиличани, како и кривогаштанци, како и секое пусто село во пелагониската рамнина, со збрчкано чело и безаба уста, ја фрлааат под нозе секоја лага, манипулација и пропаганда за богатството и просперитетот, за вложувањето во народот и во земјата.  Во разговорот со неколкумина млади, ги прашавме кај се луѓето. Со нескриена гордост, еден од нив ни кажа дек во Општина Могила има 6.500 гласачи и тука некаде, заврши разговорот, а улиците останаа празни. И покрај 2.000 жители во Могила и бројот на гласачи во општината, ние видовме само пусти улици и силуети врамени во правот кренат од благиот ветер.

Кривогаштани
Кривогаштани

И во Кривогаштани, истата опиеност и „спокој“. Саботното попладне ги прибра жителите во неколкуте угостителски објекти, каде што поделени, во мали табори, комшиите се гледаат попреку, што е очигледно влијание на раскараноста, наметната од политиката. Муабет сé уште има, но претежно, преку зајадливи префрлања и мајтап на сметка на „противникот“.  Се чини како, животот да застанал. Празните гнезда можеби и ќе се наполнат со штркови оваа пролет, но дали тоа ќе биде случај и со Кривогаштани, кое се празни сé повеќе, од ден – на ден.

Оттаму, присуството на тимот на ЦИВИЛ, внесе малку живот во мртвилото, изненадени и насмеани лица во овие две општини толку близу – а толку далеку од грижата на челниците кои ја диктираат општествената придобивка од демократијата и слободата на секој граѓанин.

Напуштајќи ја Могила, се понадевавме дека оваа депресивна слика од инаку убавиот, сончев ден, ќе ја осветлиме во Битола, некогаш центар на политичкиот и општествен живот, средиште на сите промени кои влијаеле на имиџот на македонскиот соживот.

Могила, 28 февруари 2016
Могила, 28 февруари 2016

Таа надеж нѐ напушти уште на самиот впез во „најградскиот“ град во Македонија.

Битола сета своја убавина и занес ја испринтала во староградските куќи на продажба, во Широкиот сокак, во корзото за пензионерите, во  кафулињата со млади кои се на само еден чекор на заминување. Некогашниот Град на конзулите, без еснафскиот шмек, променет од тесниот видокруг на локалната власт,  зачмаено се гуши во загаден воздух, изнасилени насмевки и контаминираниот живот од политички манипулации.

Битола, 28 февруари 2016
Битола, 28 февруари 2016

Битолчанки и битолчани желно го чекаат моментот на промени, подготвени да тргнат напред и активно да се вклучат во сопственото ослободување од секојдневните притисоци, уцени, закани и конечно да почнат да дишат слободно. Прекорувајќи се, пред се себеси за долгогодишниот спуштен превез на очите, што доведе до масовно иселување на младите – кои си ја побараа среќата во странство, голем број битолчани се загрозени од загадениот воздух, таму, под чистиот Пелистер. Се кренаа наведнатите глави, под налетот на агресивната експликација на моќ, се крена високо и гласот на битолчани, во потрага по чиста животна средина, но и по слобода, демократија и владеење на правото.

Поддршката која ЦИВИЛ секогаш им ја дава на Битола и на битолчани е срдечна, во заедничката борба во надминување на политичката криза, промената во системот на владеење и враќање на демократијата во градот.

„Напред!“ започна како проект од искуството на ЦИВИЛ од изборите, зa потребата – на објективен, непристрасен и едукативен начин да се прослeдат изборите, а во начинот на нивно спроведување најголем придонес да имаат граѓанките и граѓаните во Македонија. Моќта на граѓанките и граѓаните е во нивниот глас. Затоа, слободното гласање, без притисоци и манипулации, е предуслов да имаме избори без нерегуларности, фер, демократски и слободни.

Искуството од оваа патешествие, ни кажува дека како никогаш досега, потребна е промена на системот на владеење и дека граѓанките и граѓаните се тие кои ќе придонесат тоа и да се оствари.

Биљана Јордановска

Петрит Сарачини

Tags: Биљана ЈордановскаБитолаизбориКривогаштаниМогилаНАПРЕДПетрит СарачиниПрилепЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ