Рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов рече дека БиХ има право да одлучи дали да се приклучи на НАТО, но Москва го задржува правото да одговори.
Тој го изјави ова на еден босански ТВ канал, објави “Европска правда“, цитирајќи балкански колумнист.
„Ако Босна и Херцеговина одлучи да биде учесник во нешто, тоа е внатрешна работа. Но, нашата реакција е друга работа. Ние покажавме што очекуваме со примерот на Украина. Доколку има закана, ќе одговориме“, рече Калабухов.
Тој рече дека не мисли дека „во некоја фантазија, во некоја реалност БиХ станува членка на НАТО“, бидејќи „во земјата нема консензус, а БиХ нема да биде така лесно да донесе одлука во овие околности“.
Според рускиот амбасадор, Русија во моментов нема акциски план за БиХ, а Москва ќе одговори со „анализирање на стратешката и геополитичката ситуација“.
Претседателот на Претседништвото на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ ја осуди изјавата на рускиот амбасадор во БиХ.
„Силно ги осудувам заканите на рускиот амбасадор во БиХ“, рече тој, коментирајќи ја можноста Босна и Херцеговина да влезе во НАТО, рече Комшиќ. „Пораката на рускиот амбасадор дека ќе следи реакцијата на Русија, наведувајќи го примерот со Украина, против која Русија врши агресија, е недвосмислена, но истовремено и неприфатлива за Босна и Херцеговина“, рече тој.
Комшиќ истакна дека одлуката на Босна и Херцеговина за влез во НАТО може да биде само одлука на институциите на Босна и Херцеговина, а не „изговор за напад на Босна и Херцеговина“.
„Како претседавач на Претседателство на БиХ, имам должност да ги осудувам и отфрлам заканите кои не се закана само за Босна и Херцеговина, туку и закана за мирот и стабилноста на Западен Балкан“, рече Комшиќ.
Босна и Херцеговина беше поканета од НАТО да се приклучи на Акциониот план за членство (МАП) во 2010 година.
Во исто време, српскиот дел на БиХ, Република Српска, ја прогласи својата воена неутралност во 2017 година.
превод: Жорж Димовски