• Latest
Последиците од рускиот ракетен напад врз Днипро, Днипропетровската област, Украина, на 21 ноември 2024 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби/Телеграм

Русија истрела интерконтинентална балистичка ракета кон Днипро, во руските напади низ Украина убиени 3 лица и најмалку 22 повредени

November 21, 2024
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија истрела интерконтинентална балистичка ракета кон Днипро, во руските напади низ Украина убиени 3 лица и најмалку 22 повредени

November 21, 2024 10:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Последиците од рускиот ракетен напад врз Днипро, Днипропетровската област, Украина, на 21 ноември 2024 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби/Телеграм

Последиците од рускиот ракетен напад врз Днипро, Днипропетровската област, Украина, на 21 ноември 2024 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби/Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Во четвртокот наутро, Русите лансираа интерконтинентална балистичка ракета, балистичка ракета Кинжал и седум крстаречки ракети Кх-101 врз градот Днипро.

Од 5:00 до 7:00 часот, Русија ги нападна претпријатијата и критичната инфраструктура на Днипро, употребувајќи проектили од различни типови, се вели во извештајот. Воздухопловните сили на Украина соборија шест ракети Кх-101, објави Военото воздухопловство, според Укринформ.

Русија го нападна Днипро со интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), воздушна лансирана балистичка ракета Кх-47М2 Кинжал и седум крстосувачки ракети Кх-101, подигнувајќи ги бомбардерите Ту-95 и носачите МиГ-31К, пренесува Кијив индипендент според соопштението на Военото воздухопловство.

Ова е прв случај Русија да користи ICBM во својата војна против Украина. Ракетата е лансирана од Астраханската област, соопшти Военото воздухопловство.

Оштетени се индустриско претпријатие, две куќи и девет гаражи, а во градот избувнаа два пожари, изјави гувернерот Серхиј Лисак. Во нападот беше оштетен центар за рехабилитација за лица со посебни потреби, рече градоначалникот Борис Филатов.

Две лица се пријавени како повредени. На лице место му била укажана помош на 57-годишен маж, а 42-годишна жена е хоспитализирана, соопштија властите.

Во руските напади низ земјата загинаа најмалку три лица, а повредени се најмалку 22 во текот на изминатиот ден, вклучително и едно дете, објавија властите.

Во Доњецката област, во руски напад врз селото Першомаривка загина едно лице, а две беа повредени, изјави гувернерот Вадим Филашкин. Шест лица, наводно, биле повредени за време на напад врз градот Костиантивка.

Според гувернерот Олександр Прокудин, во руските напади врз Херсонската област во текот на ноќта и на 20 ноември загинало едно лице, а повредени се 10, меѓу кои и едно дете. Една 62-годишна жена исто така беше убиена за време на нападот врз селото Даривка утрото на 21 ноември, рече гувернерот.

Во Харковската област, 64-годишна жена беше повредена во напад врз селото Високи, а двајца мажи на возраст од 42 и 64 години беа ранети во нападите врз градот Купијанск, објави гувернерот Олех Синиебув.

Еден цивил е повреден за време на руските напади врз заедницата Краснопилија во Сумиската област, соопшти регионалната воена администрација.

Драган Мишев

Tags: интерконтинентална балистичка ракетаРуски рактен терорцивилни жртви
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ