Руските инвазивни сили лансираа голем број ракети над Украина. МиГ-31К со потенцијални ракети Кинжал полета од аеродромот Саваслејка, соопштија од воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
Проектили доаѓаат од север и југ. Во Украина е прогласена тревога за воздушен напад.
„Не ги игнорирајте воздушните предупредувања! се вели во соопштението на воздухопловните сили.
Претходно Русија лансираше рој дронови камикази кон Украина.
М. Д.