Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека Москва е „подготвена да постигне договор“ со САД за да се стави крај на војната во Украина, иако некои елементи треба да се „дотеруваат“
„Претседателот на Соединетите Американски Држави верува, и мислам со право, дека се движиме во вистинската насока“, изјави тој за Си-Би-Ес, американскиот партнер на Би-Би-Си.
Во меѓувреме, се очекува специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, да разговара со претседателот Путин во Москва подоцна
Во Украина, градоначалникот на Кијив, Витали Кличко, посочи дека земјата можеби ќе мора да се откаже од територија како дел од каков било мировен договор со Русија
Рускиот ракетен терор врз Украина продолжува и покрај разговорите за мировни договори. Три лица се убиени, вклучувајќи едно дете и една 76-годишна жена, во најновиот руски напад со беспилотни летала врз Украина
М. Д.