• Latest

Русија влезе во воена офанзива против Украина, украинското МНР соопшти дека земјата го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право

February 24, 2022

24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

August 11, 2025
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија влезе во воена офанзива против Украина, украинското МНР соопшти дека земјата го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право

February 24, 2022 07:41
in СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Русија започна воена офанзива во повеќе делови на Украина во 5 часот утрово, 24 февруари. По повод најновиот бран на руската воена агресија на територијата на Украина, Министерството за надворешни работи на Украина издаде соопштение кое го пренесуваме во целост:

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин најави почеток на нов бран на агресија против Украина.

Целта на руската офанзивна воена операција е уништување на украинската држава, насилно заземање на украинска територија и воспоставување окупациска контрола.

Руските војски извршуваат напади на мирните украински градови од различни правци, вклучително и од страната на привремено окупираните Донбас и Крим, како и североисточниот регион.

Ова е акт на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ООН и основните норми и принципи на меѓународното право.

Украина го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

Борбениот дух на украинските војници е висок, нашите бранители се подготвени да и дадат решителен отпор на државата агресор и со сите сили ќе ја бранат украинската земја.

Украина ја повикува меѓународната заедница веднаш да дејствува. Само обединети и решителни чекори можат да ја запрат агресијата на Владимир Путин против Украина.

Нашите партнери мора веднаш да активираат пакет на нови санкции.  Исто така, ги повикуваме и пријателските престолнини да продолжат да ги зајакнуваат одбранбените способности на нашата држава преку обезбедување оружје и воена опрема.

Од нашиот заеднички одговор сега не зависат само животите и безбедноста на украинските граѓани, туку и безбедноста на граѓаните на Европа и иднината на светскиот поредок.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ