Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека Русија се обидела да нападне 741 цел со 728 дронови и 13 ракети, пренесе Гардијан.
Нападот бил толку интензивен што соседна Полска ги кренала своите и сојузничките авиони за да ја обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор.
Зеленски го опиша нападот како исклучително силен и рече дека доаѓа токму во време кога се вложени толку многу напори за постигнување мир, за воспоставување прекин на огнот, а сепак само Русија продолжува да ги отфрла сите.“
Зеленски тврдеше дека континуираната агресија на Русија е „уште еден доказ за потребата од санкции – остри санкции против нафтата, која ја храни воената машина на Москва со пари повеќе од три години од војната.“
„Нашите партнери знаат како да извршат притисок на начин што ќе ја принуди Русија да размислува за завршување на војната, а не за започнување нови напади. Секој што сака мир мора да дејствува.“, изјави Зеленски, пренесе Гардијан.
Д. Т.