На Јутјуб кружи лажно промотивно видео, на кое се гледа војник во униформа на израелските одбранбени сили (ИДФ) кој ги повикува украинските воини да се приклучат на ИДФ. Тој тврди дека наводно бил украински артилериец кој штотуку се вратил од фронтот и се приклучил на ИДФ поради повисоката плата и израелското државјанство.
Се работи за лажно видео. Како што пренесува Укринформ, оригиналното видео може да се најде на официјалната страница на ТикТок на ИДФ. На него е прикажан војник кој објаснува на кои телефонски броеви треба да се обратат резервистите на ИДФ за мобилизација, а нивните семејства – за психолошка помош.
@idfofficial מספרים שחשוב להכיר ולשתף בזמן זה מוקד קצינת פניות הציבור – במספר הבא: 1111 שלוחה 5, ולאחר מכן שלוחה 4 לפניות בנושא מילואים ניתן לפנות אל מוקד המילואים במספר: 1111 שלוחה 4, ולאחר מכן שלוחה 1. סיוע נפשי לחיילים וחיילות – *6690 שלוחה 3
Авторите на фабрикуваното промотивно видео едноставно додале украински текст и аудио трака на оригиналното видео.
Војникот од видеото нема никаква врска со Украина. Тоа е израелски блогер, Или Барак.
Со почетокот на активните непријателства во Појасот Газа, руските пропагандисти почнаа да шират лажни вести поврзани со Украина и државата Израел.
Меѓу другото, Русите фабрикуваа видео за Украинците кои наводно нарачуваат рекламна кампања на Менхетн против помош на САД за Израел, израелските тенкови во Газа ги „накитија“ со руски симболи, а западното оружје од Украина го „донираа“ на милитантите на Хамас.
Подготви: Д. Мишев