• Latest

Русите имаат таен излез за бегство во Европа – Србија

March 13, 2022
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русите имаат таен излез за бегство во Европа – Србија

March 13, 2022 17:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

КРИСТОФЕР ЈАСПЕР, МИША САВИЌ И БЛУМБЕРГ

Руските патници опкружени со затворањето на воздушниот простор по инвазијата на Украина, ја користат Србија како рута за посета на одморалишта и градови низ Западна Европа, објави Guardian.com.

Бројот на седишта на рутата меѓу Русија и Србија, се зголеми за околу 50 отсто во првата недела од март во споредба со нивото од пред војната. Понатамошното патување во земји како Франција, Швајцарија, Италија и Кипар е зголемено за речиси две третини, според специјалистите за трендови за продажба на авио билети ForwardKeys.

Неутралниот став на Белград во врска со конфликтот значи дека авиопревозникот „Ер Србија“ може да работо со Русија, иако на авиокомпаниите во Европската унија и Русија им е забрането да летаат меѓу двата региони поради забраната за воздушниот простор. Операциите обезбедуваат влез во Европа за Русите кои инаку би морале да заобиколуваат преку Турција или Персискиот Залив.

Порта на запад

„Ер Србија“ има најмалку двојно зголемен капацитет до Москва и Ст. Петербург од почетокот на војната минатиот месец, дури и додаде широко трупен Airbus SE A330 што претходно се користеше за летови до Њујорк, според продажниот агент на белградскиот аеродром.

„Станавме центар, сосема неочекувано“, рече агентот, кој сакаше да остане анонимен. „Не се чувствувам добро што профитирам од нечија несреќа, но ова е неверојатно. Речиси сите летови се целосно резервирани, а цената на билетот не е проблем“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вети дека ќе остане неутрален и ќе ги задржи врските со Москва и покрај притисокот врз Србија да учествува во санкциите додека се залага за влез во ЕУ. И двата народи споделуваат културни корени, вклучително и претежно словенски етникуми и врски со Источната православна црква.

Сè е тешко

И покрај забраните за воздушниот простор, на Русите не им е забрането да патуваат во ЕУ. Некои сувоземни транспортни врски остануваат отворени, вклучително и железничката линија до Финска и патиштата кон Финска и Латвија.

Еден Русин, Александар кој отпатувал за Москва, откако работел во бродоградилиште во Италија, рекол дека патувал од Рим до Белград откако биле прекинати директните летови, а неговиот работодавец му го финансирал билетот.

„Банката ми е блокирана, работодавецот повеќе не може да ми ја префрли платата“, рече. „Сè стана тешко. Пари, визи, патувања, сè“.

Србија скокна на четвртото место за руските трансфери од 12-тото претходно и стана доминантен центар за пристап до други европски нации, пишува ForwardKeys. Турција е рангирана на прво место во целина, обезбедувајќи врски со Грузија, Германија, Обединетото Кралство и САД, потоа Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои главно се користат за да се стигне до САД и азиско-пацифичките дестинации.

Следењето на летовите на Ер Србија од страна на FlightRadar24 покажува дека авионите за Белград се упатуваат кон запад од Москва преку балтичките земји за да ја избегнат Украина, пред да свртат кон југ над Полска, Словачка и Унгарија, кои сите ги прекинаа врските со Русија.

Патувањето од Русија преку Србија претходно беше фокусирано на Црна Гора, која имаше 85 отсто од трансфер пазарот во јануари, потпомогната од безвизниот влез. Тој сооднос е сега намален на 40 отсто.

Кипарски туризам

Кипар сега привлекува 8 % од Русите кои се во трансфер преку Белград, што е повеќе од 0,3 % во јануари. Островот за одмор, кој е во ЕУ, се потпираше на Русија како 20% од туристите пред кризата со коронавирус. Франција скокна на 7 % од вкупниот број, Швајцарија 6% отсто и Италија 5 % , при што ниту една претходно не сочинуваше повеќе од 1 %.

Русите патуваат и во Словенија, Австрија, Германија, Шпанија и Велика Британија. преку Белград а ретко кој тоа го правеше во јануари, според ForwardKeys.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ