Непријателот изврши 28 напади на MLRS на различни локалитети во регионот на Миколајев, при што загинаа пет лица, пренесува Укринформ.
„Од утрото, непријателот изврши 28 напади на MLRS на различни локалитети. Како резултат на тоа, беа оштетени болница и станбени згради. Покрај тоа, областа Витовски беше под оган. Според прелиминарните информации, пет цивили загинаа“, објави на Телеграм Кирило Тимошенко, Ззменик-шеф на Кабинетот на претседателот.
Како што е соопштено, во 11:35 часот на 12 јули, руските војници истрелале две ракети врз Баштанка, регионот на Миколајев, при што загинала една жена.
Подготви: Д.Мишев