• Latest

Руска пропаганда е дека земјите од Западен Балкан пратиле „платеници“ да се борат во Украина

February 25, 2022

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руска пропаганда е дека земјите од Западен Балкан пратиле „платеници“ да се борат во Украина

February 25, 2022 16:52
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон им е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди дека ниту еден нејзин граѓанин не отишол да се бори за Украина, пишува Порталб.мк.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, никогаш не се изјаснил за поддршката што Косово ѝ ја дава на Украина околу последните настани, а уште помалку изразил загриженост за тоа.

„Путин фатил уплав“ / Граѓани на Косово се мобилизираат „да ја бранат Украина!“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Насловот на оваа вест е тенденциозен и манипулативен, а пред сè, тврди нешто што не е точно, бидејќи не дека Путин не фатил уплав, туку граѓаните на Косово не се мобилизирани да ја бранат Украина.

Точна е веста дека амбасадорот на Украина во Република Албанија изјавил дека имало Косовари заинтересирани да ја бранат Украина од Русија, но освен оваа изјава, нема други докази кои го поткрепуваат ова тврдење.

Генезата на оваа дезинформација е од руската новинска агенција ТАСС и на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неколку дена претходно, рускиот министер за надворешни работи изјави дека Украина „регрутира“ платеници од Косово, Албанија и Босна и Херцеговина за да ја бранат.

„Има информации дека се регрутираат платеници од Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, за да ја изместат Русија од баланс, и ги праќаат во разни места  вклучувајќи го и Донбас“, рекол Лавров.

Потоа, такви неточни информации имаше и руската новинска агенција ТАСС.

Веднаш по ова Министерството за надворешни работи на Косово го демантираше рускиот министер и руската новинска агенција ТАСС, наведувајќи дека нема Косовари што отишле да се борат во Украина, бидејќи тоа е забрането и со закон.

„Ги информираме рускиот министер Лавров и руската новинска агенција ТАСС, дека Република Косово со закон го има забрането учеството на своите граѓани во војни во странство и овој закон предвидува строги казни за секој нејзин државјанин кој може да биде дел од такви активности“, се вели во реакцијата на МНР.

Министерството оценува дека изјавите на агенцијата ТАСС и министерот Лавров се дел од жестоката кампања на руската пропаганда, која според нив има за цел да го привлече вниманието на целиот демократски свет.

„Оваа жестока руска кампања против Косово и другите земји од Западен Балкан, меѓу другото, има за цел да ја ескалира ситуацијата во Косово и пошироко во регионот преку рускиот сателит на Балканот, Србија. МНР ја изразува целосната солидарност на народот на Косово со народот на Украина за правото на слободен и суверен живот во сопствената држава. Република Косово повикува на намалување на тензијата и избегнување на конфликтот, кој може да добие непредвидливи размери“, се вели во соопштението на МНР.

Инаку, во соопштението на ова министерство, се вели дека Косово му се придружува на демократскиот свет во осудата на руската хегемонистичка и експанзионистичка политика на штета на суверената и независна држава Украина. Сепак, дезинформации се дека има официјална мобилизација за испраќање Косовари да се борат во Украина и дека Путин „фатил уплав“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ