• Latest

Руска пропаганда „скриена“ во агенциските вести

August 19, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Руска пропаганда „скриена“ во агенциските вести

August 19, 2022 10:07
in АНАЛИЗИ, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Денеска ќе ви дадам еден конкретен пример за тоа како функционира руската пропаганда, што може да им помогне и на читателите и на оние што секојдневно ја информираат јавноста и креираат јавно мислење. Да почнеме со ред.

Во тридневната израелско-палестинската „размена на оган“ од 5 до 7 август, во воздушните напади на израелската воена авијација и артилерија загинаа 46 Палестинци, меѓу кои и 16 деца, според извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Министерството за здравство во Газа пријави 360 повредени Палестинци, меѓу кои 151 дете, а израелските власти, без многу детали, јавија дека 70 луѓе биле повредени во ракетните напади на Исламски Џихад од Газа. Тоа е резимето на оваа кратка епизода од бескрајната крвава низа на Блискиот Исток, што нè води кон примерот за руската пропаганда македонското медиумско тло.

На 6 август се појави еден наслов во повеќе македонски медиуми во кој се вели дека „ЕУ и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа“. Повеќето објави го наведуваат изворот МИА. Речиси идентичен наслов се наоѓа и на десетина српски портали. Текстот во српските и македонските медиуми со овој и слични наслови се исти.

Се работи за руска пропаганда. Како тоа?

Точно е дека и ЕУ и Русија излегоа со изјави за ескалацијата на насилствата меѓу израелските сили и палестинските џихадисти. Но точно е и дека реакции и апели имаше од сите страни на светот, од големи и мали држави, релевантни и помалку релевантни светски организации и институции. Реагираа ОН, ОБСЕ, ЕУ, САД, Арапската Лига и кој сѐ не. Но овој наслов посебно ги доведува ЕУ и Русија во релација и ги изедначува по вредност и важност.

Што е целта на насловот и на текстот? Целта е да се изедначи важноста на ЕУ и Русија за важни прашања, а особено затоа што се работи за оружен судир. Да се прикаже Русија како важен фактор во светот кој може да се „загрижи“ за некоја криза.

Публиката треба да добие порака дека „загриженоста“ на Русија има, ни помалку ни повеќе, иста тежина како онаа на ЕУ. Па уште и акцентот на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, беше на потенцијалното влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во појасот Газа.

Дескот на МИА најверојатно само механички презел содржина од новинските куќи во Србија. Такви се насловите во Н1, Нови Магазин и Данас. Но тој што ја составувал веста, а особено насловот бил на задача која не е (само) новинарска.

Сепак, ако веќе морало да се презема, десковите кај нас имале избор. И во медиумите во Србија и многу пошироко, има наслови во кои се говори за реакциите во светот и тие се објавени во посебни содржини. Таков е случајот со Српска инфо и ХепиТВ, кои известуваат за реакцијата на ЕУ, Слободна Европа и српското издание на Еуроњуз, кои известуваат за реакцијата на ОН.

Голем број српски медиуми не ја ни спомнуваат изјавата на Захарова. Бидејќи е манипулативна, а во контекст на бруталната агресија против Украина, таа е и гротескна.

Мониторинг тимот на Цивил ја препозна пропагандата на Русија во изјавата на портпаролката на руското МНР, Захарова, и го објави насловот „Русија се обидува да се наметне како фактор за решавање на конфликтот во Појасот Газа“. Извештајот на Цивил јасно ја лоцира пропагандната манипулација на Русија која истовремено со воените дејствија во Израел и Газа ја загрози безбедноста на нуклеарката во Запорожје, Украина, најголемата во Европа. Во слична насока оди и коментарот на колегата Муратов „Русија глуми ‘загриженост’ за Палестина додека гранатира цивили и нуклеарна централа во Украина“.

Живееме во воено време кога пропагандата е жестока и има многу различни форми. Се вели дека информативните содржини во медиумите служат за непристрасно и неутрално информирање на јавноста. Но од овој пример се гледа како тие влијаат врз јавното мислење.

Секој ден, во многу медиуми се гледа таа „тивка“ пропаганда, руска, националистичка, партиска, комерцијална… Затскриена зад „објективност“, „неутралност“ и „непристрасност“ на информативните прилози во медиумите, пропагандата од било кој вид и на било која тема има посилен ефект отколку огласите и рекламите. Размислете малку, прочитајте повнимателно и ќе видите за што ви пишувам, драги читателки и читатели.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ