Руската пропагандна машинерија ја користи секоја можна ситуација за Русија да ја претстави и наметне како релевантен и влијателен фактор, која рамо до рамо со големите светски сили како што се ЕУ и САД, решаваат големи светски предизвици и проблеми. Таков е случајот и со конфликтот меѓу Израел и Палестина за кој во македонските медиуми одекна веста дека „Европската унија и Русија се длабоко загрижени за насилството и жртвите во Појасот Газа“.
Руската пропаганда вешто успева да се протне во македонските медиуми и Русија да ја претстави како влијателена и подеднаково моќна како што е Европската Унија.
Па, наместо граѓаните да дознаваат за теророт на руската војска во Украина, медиумите ги „бомбардираат“ со информацијата дека покрај ЕУ, ете, и Русија е длабоко загрижена за насилството и жртвите во Појасот Газа. Така, речиси и да нема медиуми во земјата, но и во регионот, кои не ја пренесоа веста на руската новинска агенција ТАСС во која се цитира портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
„Со длабока загриженост го набљудуваме развојот на настаните кои би можеле да доведат до продолжување на воениот конфликт од целосен обем и дополнително да ја влошат и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“ – е еден од најцитираните делови на изјавата на Захарва.
По силните пораки и повици за прекин на огнот во Појасот Газа од светските лидери на ЕУ и САД, и благодарение на посредништвото на Египет, примирјето меѓу Израел и Исламскиот џихад стапи на сила вечерта на 7 август, со што се стави крај на тридневното насилство во кое загинаа десетици Палестинци.
ЦМТ