Русија изврши ракетен напад врз украинскиот пристанишен град Одеса при што беше погоден цивилен инфраструктурен објект, објави на Твитер украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко, потпретседател на Комитетот на ПССЕ за миграција, бегалци и раселени лица.
?? launched a missile attack on my native Odesa region. Infrastructure object.
There has been a power outage in Odesa for more than a day. Some houses have been without electricity for more than a day. People are looking around the city for a place to recharge their phones.
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) November 17, 2022
Во Одеса се наоѓа и Спомен куќата во која од 1907-та до 1913-та година живеел и творел македонскиот научник Крсте Петков Мисирков, која е прогласен за споменик на културата, и е под опасност од руското ракетирање.
Спомен плочата на куќата во која живеел Мисирков ја открија во 2008 академик Блаже Ристовски и заменик градоначалникот на Одеса, на свеченоста за време на седмата научна конференција во организација на Украинската академија на науките и на МАНУ. На спомен плочата на улица „Канатна 28 во Одеса, Украина, пишува:
„Во тој дом во 1909-1913 живеел и работел македонскиот учен и културно-национален деец Крсте Петков Мисирков“
Оваа куќа, која е дел од македонското културно историско наследство, заедно со останатите цивилни објеткти, како и животите на жителите на Одеса, се загрозени од директните руски ракетни напади.
Повеќе од еден ден во Одеса нема струја. Некои куќи се без струја повеќе од еден ден. Луѓето бараат низ градот каде да ги наполнат телефоните.
Освен во Одеса, сирените за воздушен напад се огласија и во Полтава, Днипропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област.
Исто така, сирените се огласија и во Запорижа и Херсон, а проектили беа истрелани и врз главниот град Кијив.