Командантот на руските сили во областа Херсон, Сергеј Суровикин, на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предложил руската армија да го напушти десниот брег на областа Херсон, каде што се наоѓа градот Херсон, наведува информативниот сајт Медуза, пренесува Укринформ.
Шојгу се согласил со предлогот да заземе одбранбени линии долж реката Днипро и дал наредба „да се започне со повлекување на војниците“.
Суровикин изјави дека во сегашните услови Херсон и блиските населби не можат целосно да се снабдат. „Откако ја проценив ситуацијата, предлагам да ја преземе одбраната на левиот брег на Днипро“, рече тој.
Moment surovikin and shoygu admit defeat in the Kherson axis and announce the withdrawal of troops. pic.twitter.com/GSIrZuhhT1
— InUkraine (@InUAOfficial) November 9, 2022
По извештаите дека е донесена соодветна одлука за повлекување на руските трупи, советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина,Михаило Подољак изјави дека сè уште е рано да се зборува за повлекување на руските трупи од јужниот град Херсон.
Во изјава за Ројтерс, Подољак рече дека е неопходно е да се одвојат зборовите од делата
„Додека украинското знаме не се вее над Херсон, нема смисла да се зборува за повлекување на Русија“, рече Подољак.
Подготви: Д. Мишев