Дрски, недолични и заканувачки пораки беа емитувани повторно на руската државна телевизија. Пропагандистите на Кремљ овој пат со закани кон Берлин и навреди кон германскиот канцелар, Олаф Шолц. „Германци, научете ги лекциите од историјата“ – се закануваше рускиот пропагандист Соловјев на руската државна телевизија.
Видео снимката од емисијата „Вечер со Владимир Соловјев“ ја објави на Твитер познатата медиумска аналитичарка, Џулија Дејвис, која ги мониторира руските медиуми под влијание на Кремљ.
Russia is pretty angry with Germany these days. Emboldened by his recent meetings with Putin, top pro-Kremlin propagandist Vladimir Solovyov threatened Berlin and insulted Olaf Scholz for helping Ukraine and criticizing the Kremlin (clips from 2 recent broadcasts). pic.twitter.com/v9aZ2nnc3A
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) June 25, 2022
Другарот Сталин направи грешка кога реши дека треба да дозволиме Германија да остане, оа беше грешка, за ти молец да се осмелиш нешто да и кажеш на Русија!, изјави водителот на емисијата, Владимир Соловјев.
Олаф Шолц е исклучително груб во последно време. Тој изјави дека ќе ѝ помагаат на Украина со пари и оружје додека Путин не сфати дека направил фатална грешка. Слушај, Шолц, Путин не направи фатална грешка. Горбачов направи фатална грешка кога дозволи две Германии повторно да се обединат. Тоа беше грешка. Другарот Сталин направи грешка кога реши дека треба да дозволиме Германија да остане. Тоа беше грешка. За ти молец да се осмелиш нешто да ѝ кажеш на Русија!, рече Соловјев.
Германците ги снабдуваат Украинците, нека горат во пеколот, изјави Владимир Соловјев.
Зошто испорачуваме гас во Германија? Откако почнаа да испорачуваат тешка механизација во Украина. Германците ги снабдуваат Украинците. Зошто би дозволиле индустријата која се обидува да ги убие нашите војници да продолжи да постои? Нека горат во пеколот!, рече Соловјев.
Германскиот блогер Александар Сосновски потенцираше дека германскиот Бундесвер има приближно 600 Леопард тенкови, како што рече тој, битката ќе трае околу десет минути.
Дали знаете колку гранати има Бундесвер за да го вооружи целиот свој тенковски арсенал? Имаат приближно 600 Леопард (тенкови). Специјалист даде бројка: 6.000 парчиња. Андреј (Сидоров) и јас разговаравме за ова порано, битката ќе трае околу десет минути. Околу десет проектили по секој Леопард, рече Сосновски.
На крајот Соловјев се обрати до Германците со порака дека дури и на почетокот на војната (Втората светска војна) нивните воени авиони можеле да стигнат до Берлин. „Германци, научете ги лекциите од историјата“, порача Соловјев.
На Украина и испорачуваат системи за противвоздушна одбрана, кои ги немаат ниту за своја одбрана. Значи Берлин е незаштитен? Тие се борат против Русија. Тие во тој случај, мора да ги сфатат последиците од оваа војна. Запомнете дека дури и на почетокот на војната (Втората светска војна) нашите воени авиони можеа да стигнат до Берлин. И сега имаме некои други работи, кои се уште поефикасни. Можеме да правиме секакви работи. Германци, научете ги лекциите од историјата, рече Соловјев.
Подготви: М. Ацковска / FRONTLINE