Руските власти ги ставаат одбранбените претпријатија во земјата на 24-часовен работен распоред, објави новинарот на Укринформ Роман Цимбалиук на Телеграм.
„Раководството на Руската Федерација почна да спроведува тајни мерки на таканаречената „индустриска мобилизација“ на нивните одбранбени компании и претпријатија. Компаниите се префрлија на 24-часовен распоред. Сепак, работниците не може ни да сонуваат за какво било зголемување на платата “, напиша Цимбалиук.
Според новинарот, на вработените кои одбиваат да работат две смени по ред им се нуди половина од платата.
Русија се обидува да ја обнови својата одбранбена индустрија за да се одржи во долга војна со Украина.
Подготви: Д.Мишев