• Latest

Руски дисидент на кого му се закануваат 25 години затвор: Ова ме потсетува на ерата на Сталин

April 10, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руски дисидент на кого му се закануваат 25 години затвор: Ова ме потсетува на ерата на Сталин

April 10, 2023 22:42
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицискиот руски политичар Владимир Кара-Мурза, кој се соочува со потенцијална затворска казна од 25 години, изјави денеска пред московскиот суд дека неговото судење потсетува на Сталиновите процеси во 30-тите години од минатиот век. Кара-Мурза е 41-годишен татко на три деца и поранешен новинар со руски и британски пасош, кој поминал години спротивставувајќи се на политиката на претседателот Владимир Путин и лобирајќи кај странските влади и институции да воведат санкции против Русија и некои Руси за наводни кршења на човековите права.

Во четвртокот руските државни обвинители побараа за него 25 години затвор. Кара-Мурза е обвинет за предавство и дискредитација на руската војска, откако ја критикуваше, како што Москва ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина. Пресудата за опозицискиот политичар се очекува на 17 април, а судењето се одвива зад затворени врати. Копија од неговото последно обраќање до судот беше денеска јавно доставена од неговата сопруга и адвокатот.

«Даже сегодня, даже в окружающей нас темноте, даже сидя в этой клетке, я люблю свою страну и верю в наших людей. Я верю, что мы сможем пройти этот путь»

Последнее слово Владимира Кара-Мурзы в суде, 10 апреля 2023 года. pic.twitter.com/5wEuk4XsHJ

— Vladimir Kara-Murza (@vkaramurza) April 10, 2023

Кара-Мурза одбива да побара од судот да го ослободи, повторува дека стои зад неговите зборови и дека е горд на нив.

Сегашниот период, вели Кара-Мурза, не наликува толку на 70-тите, кога државата се соочуваше со советските дисиденти, туку на 30-тите, кога Сталин ги водеше своите судења како претстави за да ги спроведе чистките на своите противници. „За мене како историчар, тоа е поттик за размислување“, истакна Кара-Мурза.

Криминалците треба да се покаат за тоа што го направиле. Јас, пак, сум во затвор поради своите политички ставови. Знам дека ќе дојде ден кога ќе исчезне темнината над нашата земја, рече тој.

Набргу по почетокот на инвазијата на Украина, Русија воведе закони за цензура со цел да се задуши отпорот во општеството. Според нив, „дискредитирањето“ на армијата може да се казни со до пет  години затвор, додека за намерно ширење лажни информации за војската може да се добие казна затвор од 15 години.

Претходно денеска, десетици руски новинари и активисти за човекови права, од кои многумина ја напуштија земјата, ги повикаа властите да го ослободат Кара-Мурза, велејќи дека обвиненијата против него се неосновани и политички мотивирани.

Гонете убијци и криминалци, а не чесни и одговорни граѓани кои се осмелуваат да мислат и да ја зборуваат вистината. Запрете го новиот пад на Русија кон сталинизмот и тоталитаризмот, се наведува во нивното писмо.

Г. Т.

Tags: Владимир Кара-Мурзазатворобраќањеруски дисидентСталинсудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ