Повеќе од 400 руски платеници оперираат во Киев со наредба од Кремљ да го убијат претседателот Зеленски и неговата влада и да го подготват теренот Москва да ја преземе контролата, дознава Тајмс.
Групата Вагнер, приватна милиција управувана од еден од најблиските сојузници на претседателот Путин која работи како продолжена рака на државата, полета со платеници од Африка пред пет недели во мисија да ја обезглави владата на Зеленски во замена за убав финансиски бонус.
Информациите за нивната мисија стигнаа до украинската влада во саботата наутро, а неколку часа подоцна Киев прогласи 36-часовен „тежок“ полициски час за да го исчисти градот од руските саботери, предупредувајќи ги цивилите вклучени во овие акции дека ќе бидат идентификувани како агенти на Кремљ и дека ризикуваат да бидат „ликвидирани“ доколку бидат фатени.