Сабота, рано наутро на 18 јануари, цивилни цели на главниот град на Украина, Кијив, беше мета на уште еден злосторнички напад на рускиот агресор, според украински извори на ЦивилМедиа, кои споделија информации и фото/видео материјал.
„Агресорот го почна нападот врз Кијив в сабота, рано изутрина, на 18 јануари, при што загинаа три лица, а тројца беа повредени“, соопшти шефот на градската воена управа на Кијив, Тимур Ткаченко.
Меѓу убиените има 41-годишна жена и двајца мажи на возраст од 25 и 43 години.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, ја извести јавноста дека прозорците биле искршени, а чад го исполнил влезот на станбена зграда во населбата Шевченковски. По нападот се запалиле неколку автомобили.
„Порано секој ден одев на работа преку оваа станица“, ни кажа нашиот украински извор, коментирајќи го видеото на Радио Свобода од влезот во станицата на подземната железница „Луканивска“ во Кијив.
Рускиот агресор останува бесчувствителен за разликата меѓу воени и цивилни цели. Напротив, агресорот е насочен кон систематско уништување на цивилните цели.
Веќе три години, рускиот агресор ги напаѓа токму цивилите, меѓу кои и жртви се жени и деца, ги разорува нивните домови, болници и школи, како и цивилната инфраструктура витална за снабдување со основните потреби на цивилите.
Џ. Дерала