Новиот командант на руските сили во Украина, генерал Серхиј Суровикин, ги призна тешкотиите за руската армија на бојното поле, пренесува Radio Free Europe/Radio Liberty.
„Ситуацијата во областа на „специјалната воена операција“ може да се окарактеризира како напната“, рече Суровикин во интервју за државниот ТВ канал „Русија 24“ на 18 октомври.
Непријателот постојано се обидува да ги нападне позициите на руските трупи, додаде генералот. – Ова пред се се однесува на областите Купјанск, Лиман, Миколаев – Кривји Рих.
Суровикин исто така рече и дека руската армија се подготвува да ги евакуира цивилите од окупираниот Херсон.
„Пред сè, руската армија гарантира безбедна евакуација на населението“ од Херсон, рече Суровикин во интервјуто, опишувајќи ја ситуацијата како „многу тешка“.
Шефот на администрацијата на Херсон, назначен од Русија, рече дека ова ќе биде „организиран трансфер“ на цивилното население на левиот брег на реките Днепар.
На 8 октомври, Министерството за одбрана на Русија го назначи Суровикин за нов врховен командант на руските сили кои дејствуваат во Украина.
Ова беше првото официјално соопштение на единствен командант за сите руски сили кои се борат во Украина од нивната целосна инвазија на земјата на 24 февруари.
Подготви: Д.Мишев