Обвинителката Вилма Русковска денеска до Советот на јавни обвинители ќе поднесе жалба на одлуката на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да ја суспендира од работа.
Јавното обвинителство пред неколку дена соопшти дека е поведена дисциплинска постапка за тројца обвинители за кои „постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.
Случувањата во обвинителството доаѓаат по претресот во Управата за финансиска полиција по што следуваа низа јавни препукувања меѓу директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, и обвинителката Русковска.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше обвинителката Русковска, по што оставка од функцијата директор на финансиска полиција поднесе Арафат Муареми.
М.Д.