• Latest

Се огласи Грујо преку косовски весник, Сорос му бил крив и за Албанците!

January 20, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се огласи Грујо преку косовски весник, Сорос му бил крив и за Албанците!

January 20, 2017 16:20
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Се случи и тоа. Никола Груевски даде интервју за албански медиум! И тоа, не било какво интервју, туку гига-мега интервју. Башка, по негово барање, како што наведува порталот „Газета Експрес“, медиумот што ја доби оваа „ексклузивка“, а кој е еден од најчитаните портали воопшто кај Албанците во регионот и во светот. Прашањата до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ биле испратени во писмена форма, а одговорите пристигнале во аудио формат, на англиски.

Пишува: Петрит Сарачини

Во интервјуто, во кое се зборува за односите со Косово, односите со Албанците во Македонија и со нивните партии, за нивната декларација и за преговорите за составување нова влада, но и за други прашања, главната теза што ја пласира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој и неговата партија, се неоправдано, негативно портретирани кај Албанците од медиумите на албански јазик, блиски до Сорос, кои според Груевски, не информираат за ништо од тоа што било направено за Албанците.

„Медиумите на Сорос и невладините организации, не само што не ги презентирале овие чекори, туку тие постојано ги иритираа Албанците против нас и ги претставија нашите чекори како нешто мало и безначајно. Ова не значи дека треба да запреме, но ние не треба да следиме нелогични решенија, од кои никој не може да има корист”, вели Груевски во интервјуто за „Газета Експрес“.

Чекај малку, сега! Сорос го претставил негативно Груевски пред Албанците?!

А зошто е ова г. Груевски прво интервју за медиум на албански јазик во овие 10 години? И тоа, за медиум од Косово (кое едвај го признавте под домашен и меѓународен притисок, и кое, вие и вашите послушници, постојано го третирате како непријателска територија), со чии државници досега не сте имале официјална билатерална средба?

Зошто досега не дадовте ниту едно интервју за медиум на албански јазик од Македонија, каде што ќе го разоткриевте Сорос и неговата намера да ве скара со Албанците?
Зошто на минатите баравте избори апсолутно мнозинство во Собранието од вашите гласачи, за да не бидете уценувани од партиите на Албанците?

Зошто праќавте хермелини и специјалци по чајџилници за фискални каси?
Зошто ја направивте Енциклопедијата, во која се навредуваат Албанците?

Зошто економските зони во регионите населени со Албанци зјаат пусти?

Зошто вашите приврзаници и на протестот пред ДИК им пееја на „клетите Шиптари“?

Не, господине низаеден. Имаме уште многу прашања и докази кои би ги изнеле пред вас, за да ви докажеме дека вашиот лик во очите на Албанците го градевте вие, вашата реторика и постапки, како и секојдневното анти-албанство, демонстрирано преку јазикот и содржините на медиумите и мегафоните од различен профил под ваша контрола.

И со овој кукавички чин, со кој избегнувате соочување со медиумите на албански во Македонија и барате – ем давате интервју за медиумот, чие уредништво е блиско до одредени структури во ДУИ блиски до вас и навива да оформите влада со ДУИ, ја испративте повторно вашата порака. Дека вие не сакате да разговарате со кого било, што мисли малку поинаку од вас. Затоа го искористивте повторно вашиот (кон)сензуален партнер ДУИ, за преку него и неговиот курир, или коњ, сеедно, да го изведете овој обид за замачкување на вистината со нови релативизаторски невистини!

Другпат, кога ќе сакате да им се обратите на Албанците од Македонија, господине Груевски, слободно направете го тоа во Скопје, Тетово, Куманово…, во Македонија. Има канали на јавниот сервис МТВ и на МР, на албански јазик. Има четири приватни национални телевизии на албански јазик, има неколку весници. И, поголемиот дел од нив не примаат пари од Сорос. Некои од нив, добиваат помош од УСАИД, за којшто сте работеле, како што се пофаливте во интервјуто за „Газета Експрес“. А некои од нив би можеле, со истата „помош на коњот на ДУИ“, да ви ги обезбедат истите услови, ако не и далеку подобри, за да ги пласирате вашите лажни тези

Tags: „Газета Експрес“ДУИинтервјуКосовоМРТВ; медиуми на албанскијазикНикола ГруевскиСорос
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ