• Latest

Ќе се преговора за специјалистичка плата од 68-70.000 денари

February 23, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе се преговора за специјалистичка плата од 68-70.000 денари

February 23, 2018 06:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Платите на лекарите специјалисти до крајот на годината, заедно со дежурствата, да изнесуваат 68.000 до 70.000 денари ќе биде крајната цел на преговорите што ќе ги почне Министерството за здравство со Синдикатот за здравство, доколку се обезбедат ресурси, најави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. 

– Конечната цел ќе биде ако досега платата на специјалист била 35.000-36.000 денари како основица, со дежурствата,  хирурзите  во моментов имаат околу  28.000 до 30.000 денари дополнителни плати, ако обезбедиме ресурси по пат на преговори, месец по месец, квартал по квартал, да дојдеме до плата на специјалист до крајот на годината до 68.000 до 70.000, рече Заев.

Се прават напори, како што укажа, за еднаков третман на дежурствата на сите лекари.

– Покрај обезбедените 150.000 денари за плата додека траат специјализациите, дополнително се прават напори согласно заштедите што ги има во Министерството за здравство и во Фондот за здравство да се зголеми делот на дежурствата на лекарите и да стасаме до еднаков третман на дежурствата за сите лекари, појасни премиерот.

Министерот за здравство Венко Филипче укажа дека паралелно со тековните промени на Законот за здравствена заштита, работна група веќе е ангажирана на негова целосна ревизија.

Со промените на Законот за здравствена заштита, информира ресорникот министер, значително се олеснува префрлањето лекари или друг средностручен медицински персонал од приватните во јавните здравствените установи, мерка која очекува значително да го ублажи огромниот недостиг на кадри во сите јавни здравствени установи ширум државата.

Воедно  се укинува постоењето на учинокот како начин на вреднување на лекарите заради тоа што се покажало дека е неефикасен и несооветен, како и постоењето на вторите односно економски директори со што се цели на огромна заштеда на пари за плати и за друг репрезентативен материјал.

– Законот е веќе пуштен во процедура, очекуваме мислења од министерствата за финансии и за информатичко општество, како и Законодавната комисија. Паралелно на ова се работи на целосна ревизија на Законот за здравствена заштита од страна на работни групи и тука ќе се имплементираат достигнувања и искуства од европските земји, рече Филипче.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: дежурстваЗакон за здравствена заштиталекариплатиспецијалисти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ