САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти, Ова го објави Ројтерс повикувајќи се на неименуван американски функционер.
-Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени, рече официјалниот претставник.
Данска и Холандија, кои ја предводат коалицијата за обука на украински воени пилоти, неодамна побараа од САД да дадат такви гаранции.
Тој додаде дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен испратил писма до своите дански и холандски колеги во кои ги уверува дека барањата ќе бидат уважени.
„Пишувам да ја изразам целосната поддршка на Соединетите држави и за трансферот на борбените авиони Ф-16 во Украина и за обуката на украинските пилоти од квалификувани инструктори на Ф-16“, се вели во писмата Блинкен.
Тој нагласи дека останува критично важно Украина да може да се одбрани од руската агресија и кршењето на нејзиниот суверенитет.
Блинкен го изрази своето верување дека одобрувањето на барањата од трети страни ќе и овозможи на Украина „да ги искористи целосно своите нови способности штом првата група пилоти ќе ја заврши обуката“.
Како што беше соопштено, американскиот претседател Џо Бајден во мај одобри програми за обука на украинските пилоти на Ф-16, но условите за испорака на авионите допрва треба да се соопштат.
ЦМТ