Адмнистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја укине заштитата за имигранти од Салвадор поради што околу 200 илјади граѓани на таа држава ќе мора да ги напуштат САД или да се соочат со депортација, соопштија официјални лица.
Ел Салвадор е четврта држава чии граѓани изгубиле Привремен заштитен статус откако Трамп презеде функција претседател на државата.
Еден од официјалните американски лица во изјава за американски медиуми вели дека граѓаните на Салвадор ќе имаат време до септември 2019 година да ги напуштат САД или ќе добијат илегален статус.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.