• Latest

Сајбер насилството e продолжение на насилството во физичкиот простор

June 13, 2022

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Сајбер насилството e продолжение на насилството во физичкиот простор

June 13, 2022 16:02
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

,,Младите се тие кои подобро го знаат сајбер просторот, го чувствуваат како нивен, и затоа врсничката едукација и солидарност се клучни за справување со онлајн насилството’’- ова е еден од главните заклучоци од дискусијата на тема: ,,Сајбер насилство – безбедност и самоцензура”, која се одржа во социјалниот клуб Комитет, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Вовед во оваа недоволно истражена тема направи модераторката на дисусијата, Елена Петровска од Коалиција Маргини,  која посочи дека сѐ почестото обзнанување на случаи со жртви на различен вид онлајн насилство покажува дека интернет просторот, наместо демократска средина која овозможува развој, се претвори во простор каде се крши автономијата на жените и резултира со самоцензура и повлекување.

Катерина Иванова од ХЕРА Млади  го сподели своето искуство од работата со млади луѓе, нагласувајќи дека не би требало да се демонизираат социјалните мрежи, бидејќи секој голем изум може да се злоупотреби. ,,Сајбер просторот е екстензија на физичкиот простор и токму затоа одговорот на онлајн насилството треба да е ист како и за другите форми на насилство’’- нагласи Иванова и додаде дека онлајн нападите се зголемија во услови на пандемија поради стеснувањето на физичкиот простор, а најчести жртви, и кај нас и во светот, се младите девојки.

Она што придонесува за сајбер нападите е изземањето од лична одговорност на социјалните мрежи и во онлајн комуникацијата- нагласи Ивана Смилевска од Радио МОФ, додавајќи дека самите корисници на социјалните мрежи го имаат сфатено сајбер просторот како место на кое може да се каже сѐ, а медиумите се перцепираат како порелевантен извор на информации. Интересот кај домашните медиуми за овие прашања се јави по случајот ,,Јавна соба’’. Според Смилевска, безбедноста на интернет треба да се разгледува како гранка на медиумската писменост, но треба да се земе предвид дека разговорите за сајбер безбедност се свежи и на европско ниво- од една страна се големите корпорации, од друга говорот на омраза, па носењето на соодветна легислативата се одвива многу тешко.

На непостоењето на правни механизми за заштита и превенција се осврна  Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет: ,,Ако е жртвата малолетна се наоѓа начин за кривично процесирање, но ако е полнолетна, на располагање и е само граѓанска постапка за навреда, при што институциите не се инволвираат во смисла на истрага и обезбедување податоци’’.  Покрај правните празнини, Анастасовска се осврна и на резултати од минатогодишно истражување спроведено врз 300 испитаници од три средни училишта. Резултатите покажале дека 78% од испитаниците се изјасниле дека биле жртви на сајбер булинг, од кои во најголем број жени и припадници на ЛГБТИ заедницата (исто како и во физичкиот простор). Особено загрижувачки е што 11 испитаници изјавиле дека имале суицидни мисли откако биле подложени на сајбер малтретирање.

Дискусијата вклучи и практични совети за заштита во онлајн просторот – да се внимава кому и како се праќаат експлицитни фотографии, да се користат безбедни канали со енкрипција, да се симнуваат што помалку апликации и да се контролира нивниот пристап до камера, микрофон и локација, да се користи различна лозинка за различни платформи итн. Учесничките исто така се осврнаа и на личните искуства со сајбер насилство и одлуката да се самоцензурираат од присуство или учество на социјалните мрежи, за да го заштитат своето здравје и личен интегритет.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ