• Latest

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар, Законот најверојатно ќе биде повлечен

May 16, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар, Законот најверојатно ќе биде повлечен

May 16, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има веќе постоечка болница со надградување и проширување на дејноста, пренесува МИА.

Според него, не значи дека само градбата ќе ги реши сите проблеми, туку организацискиот дел, споеноста на клиниките, соработката односно конзилијарната соработка меѓу клиниките би придонела за навремено дијагностицирање и третман на пациенти.

– Имаме реално маки во препраќање од една клиника во друга клиника и мнозина од нас сме се соочиле во некакви околности. Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто. Една од опциите е касарната „Илинден“. Три позиции се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена тоа зависи прво, освен политичкиот дел што сметам дека не е главен, ќе биде во делот на катастарските услови – дали може да се гради и за колку би се градела, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на новиот линеарен акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Размислуваме како работна група, појасни министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради каде имаме потреба од дополнителни средства да трошиме за оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа воглавно било и причина за блокирање на таков еден предлог.

– Во техничкиот дел се уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука, рече Сали.

Во врска со Законот за новиот Клинички центар, рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа се уште не донеле финална одлука.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ