• Latest

Сали: Со реформата во примарната здравствена заштита, лекарите ќе имаат поголема палета на услуги

March 31, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Сали: Со реформата во примарната здравствена заштита, лекарите ќе имаат поголема палета на услуги

March 31, 2022 21:54
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со реформите во примарната здравствена заштита, лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, наместо пациентите веднаш да се препраќаат во терцијарното здравство, затоа што голем дел од секундарното здравство не функционира поради различни причини, истакна вечерва министерот за здравство Беким Сали.

Тој во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма, го коментираше Клиничкиот центар во Скопје, посочувајќи дека има листа на чекање по два до три месеци, затоа што, како што наведе, одреден оддел во одреден град не функционира.

Според него, 1.300 примарни здравствени установи од општа медицина, можат во голем дел да го олеснат притисокот врз системот.

– Имаме околу 1.300 примарни здравствени установи од општа медицина. Доколку тие услуги би ги пружале, да прават барем по пет прегледи дневно, тоа се околу 8.000 прегледи дневно. Толку прегледи не може Клиниката за кардиологија да пружи за два месеца. Ниту зградата не е подготвена, ниту кадарот не е подготвен, ниту системот не е подготвен тоа да го плати и заради сите овие околности имаме листа на чекање, незадоволни пациенти, ненавремено интервенирање. Мора да се растерети системот, да биде се на свое место за пациентот да добие услуга што побрзо и што поблиску, потенцираше Сали.

Тој истакна дека има работни групи кои работат на оценување на состојбата и од нивната работа се очекува да произлезат пилот проекти за секундарното и терцијарното здравство.

Реформи, вели Сали, не може да се прават набрзина, затоа што се што е брзо, не може да даде ефект.

– Некоја реформа можеби е одлична на хартија, меѓутоа по менталитет ние не сме подготвени за таа реформа. И во случај кога немате екипа која ќе прифати таква реформа, сигурно таа ќе пропадне, меѓутоа последиците од тоа ќе бидат подолготрајни. Пред 12 години бев дел од кабинетот на министерот и во тоа време работевме на една реформа којашто се викаше „плаќање на учинок“, којашто се уште сметам дека е одличен метод за здравствениот работник да го даде својот максимум, но не беше прифатена затоа што немавме време да ги подготвиме кадрите да го прифатат тоа, нагласи Сали.

Осврнувајќи се на високата стапка на смртност во земјава како последица од ковид-панедемијата, Сали оцени дека врз таа состојба влијаеле многу фактори.

Околу изградбата на новиот Клинички центар, министерот за здравство рече дека негова цел е да оствари средба со претставници на двете најголеми партии во земјава – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со цел да се приближат ставовите и да се најде решение за ова прашање.

– За новиот Клинички центар се зборува веќе 17 години. Реално пречката сметам дека е обојувањето на тој проект, дали ќе биде син, црвен, нешто средно. Тоа што го најавувам веќе втор месец е дека заеднички ќе седнеме со двете поголеми политички партии во државата затоа што сметам дека тоа е национално богатство кое што имаме итна потреба да го  изградиме и да го ставиме во функција, затоа што е во интерес на сите граѓани, рече Сали. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ