• Latest

Само 52 отсто од утврдените мерки за реформи во правосудството се целосно спроведени

January 17, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Само 52 отсто од утврдените мерки за реформи во правосудството се целосно спроведени

January 17, 2023 14:04
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 130-те мерки утврдени во Акцискиот план кои допринесуваат за целите на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, само 52 отсто се спроведени, 34 отсто се делумно спроведени и 14 отсто останаа нереализирани, заклучи Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената проверка на успешност на тема „Ефективност на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017 – 2022 и спроведување на Акцискиот план на Стратегијата“.

 Тоа се должи на несоодветно дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуство на мерливи индикатори, нереални рокови, проценети извори на финансиски средства, промена на предвидените мерки и активности за реализација на целите во текот на имплементација, недоволна координација на институциите/надлежните тела и носителите на мерки и активности, што влијание на слабиот степен на реализација на мерките и остварување на општите цели на Стратегијата за ефективни реформичестите изборни процеси, застој на работата на Собранието на РСМ, во правосудниот сектор во предвидениот период. Исто така и објективните фактори на политичкото и социјално опкружување, честите изборни процеси, застој на работата на Собранието на РСМ, имаат влијание на степенот на реализација на одредени мерки – заклучи ДЗР.

Воспоставената правна и институционална рамка за остварување на целите од Стратегијата, според Заводот, делумно функционира како што е предвидено.

– Донесени се прописи, документи потребни за спроведување на целите од Стратегијата, воспоставено e тело надлежно за спроведување на целите со јасно утврдени задачи и одговорности, но истото не функционира во период како што е дефинирано и утврдено во документите, прописите, одлуките, протоколите – се вели во извештајот.

Притоа, утврдени биле слабости кои се однесуваат на пренос на дел од надлежностите на телото надлежно за имплементација на реформите на телото надлежно за следење, евалуација поради што од ДЗР утврдиле дека постои потреба од дополнителни активности во делот на воспоставување надлежни тела со разграничување на надлежностите и функциите на тела за имплементација, за следење и евалуација при реализацијата на Стратегијата со Акцискиот план.

– Постои потреба за навремено утврдување на целисходноста, значајноста на нереализираните и на делумно реализираните мерки од Акцискиот план 2017-2022 година и нивна вклученост во новата стратегија со акциски план за продолжување на реформите во правосудниот сектор за периодот 2023-2027 година – укажуваат од ДЗР.

Tags: Државниот завод за ревизијаправда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ