„Одамна не сум им одговарала на ваквите што мислат дека ќе им отварам пораки и на нив лично ќе им се објаснувам. Еве ти одговор, јавно: не, не сум Грк, не сум Влав, и не сум против македонското туку, напротив, сум ептен „за,“ и сметам дека Македонија (сега Северна Македонија) како европска држава може да опстои само со компромисите што мора да ги направи со своите ЕУ соседи, и другите соседи, исто како што сите држави со пристоен рок на траење морале“, пишува Катерина Колозова на својот Фејсбук профил.
„Апсолутна, изолационистичка суверeност со идејата дека си самодоволен на планетата и ќе опстанеш ко држава без да припаднеш на блокови, региони на моќ и слично е МАЛОУМНА. Сите вие ја уништивате таа можност поради мали отстапки, како „северна“, како „бугари во Устав.“ Ни Америка ако се самоизолира нема да опстане, не го гледате тоа? Доста сонувате за БРИКС ем е географски далеку, ем сме економски недозреани за нив. Само ЕУ нѐ прима вакви голтари, ако сакаме – но, нејќеме, очигледно. ТОЛКУ, за сите вас 2000 чии пораки не сум ги отворила“, вели Колозова.