• Latest

Самсара 

August 30, 2019

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Самсара 

Би можела, без никаква пречка, да кажам и дека многумина се губат по пат, заслепени од минимални комодитети и банални привилегии, но за нив ми е апсолутно бадијала пишувањето, да не речам дека ми е губење време. 

August 30, 2019 12:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТАЊА КАРМЗОВА – КОСТИГЛИОЛА 

На разбрануваната македонска јавност сурфа секој еден што е малку умешен и итар во моментов. Троа од нив тоа го прават за да се заштитат себеси од казни и прекори, од процеси и пресуди што несомнено ги заслужиле, а други, пак, тоа го прават за алчно да зграпчат нешто, нештичко од изобилието што им е пред очи: нечија наклонетост, информација, услуга или прост, вулгарен профит, било сточен, било финансиски. Секоја чест на исклучоците што најодговорно тврдам дека (пре)малку ги има.

Нејсе, човечката природа е таква, човекот е ловец од праисторијата, иако сепак сметам дека во тоа време имал повеќе скрупули наспроти сега.

Она што мене ме фрла во безнадежност и очај, и тоа со години, е што ретко кој размислува во правец на сопствената идеологија. Обично, се тргнува од прашањето: каков сакам да биде светот? И на ова прашање се одговара опширно, од бројни аспекти, со конкретни примери, со изводливи мерки. Потоа, треба да следи она прашање што, по навика, мнозинството лагодно го прескокнува заради личен комфор: како можам јас да придонесам за светот да биде баш таков? Откако и овде темелно ќе се изанализираат сопствените капацитети, дури тогаш се бара политичка опција со која во најважните точки, или во што поголем број на точки, ќе ја препознаете сопствената визија. За жал, речиси секаде во светот ова се прави обратно, затоа и не треба да нè чуди што резултатите често се обратни од она што го очекуваме.

Би можела, без никаква пречка, да кажам и дека многумина се губат по пат, заслепени од минимални комодитети и банални привилегии, но за нив ми е апсолутно бадијала пишувањето, да не речам дека ми е губење време.

Во сите развиени земји, или во земјите во развој како нашава, имаме еден чуден феномен на дежурни обвинувачи, дежурни виновници, дежурни жртви и дежурни пасивци. Вообичаено, кога се менува власт – го препознаваме лошото владеење на претходната, а на новата власт на грб ù ставаме задачи што онаа пред неа требала да ги заврши, ама ретко сме се дрзнале да кажеме, и троа нови, за по пат. Ова е сосема легитимно, посебно ако се задржам на нашиот пример каде и не се бара којзнае што. За сметка на тоа, пак, легитимитетот е прилично компромитиран кога видикот и визијата ни се менува како долна облека што ем сме ја извалкале, ем веќе не ни е по мерка.

Таа осцилација меѓу главно две политички опции, оти другите прописно ги убивме или се самоубија, ме потсетува на она што брахмените, а подоцна и будистите го нарекуваат „самсара“.

Како и во тоа верување, така и во нашата општо политичка и социјална состојба од еден живот се реинкарнираме во друг, од една идеологија циркулираме кон друга, и попатно нè следи селективна амнезија. Во секоја следна реинкарнација ги носиме последиците од нашите постапки во претходната, па кога кармата е кучка – ни го наплаќа, кога е домаќинка – нè остава да згрешиме на поинаков начин. Во овој маѓепсан круг, погоре опишаната условена бесмртност не е благослов, туку казна. Од аспект на општествена самсара, пак, вчудоневидувачките трансформации на поединци и помали групи во однос на нивните визии и идеологии остава простор за една поинаква вечност, за една друга бесмртност – онаа на апсолутно недопирливите, за кои кармата е потчинета домаќинка, и онаа на константно оштетените, за кои истата таа карма е куче со три глави, па единствено што се менува е муцката која лае по нив и безмилосно ги каса.

Будизмот, кој ќе се обидам да го применам како решение на нашиот проблем на општествена самсара, учи дека треба да се ослободиме од транзицијата, од тие сукцесивни ренесанси за да бидеме мирни со себеси. Еден од начините е скромноста, што речиси секому сурово му недостига. Другиот начин е медитацијата, и не грижете се, ќе ја адаптирам и ќе ја израмнам со кристалната мисла, со времето на анализирање на себеси и јасно претопување на истите во идеологија, па во дела. Без оглед на тоа кој ја држи власта, политичарите се миноритет, тие се малцинство. Кога тоа ќе биде сфатено и преточено во секојдневно скромно, оправдано и разумно критикување, во предлози кои во предвид го земаат општото добро, а не (само) личниот конформизам, можеби политиката веќе нема да биде важна, ниту ќе биде одлучувачки фактор. Светот ќе го движи мнозинството кон неоспорлива еволуција, наместо секој себеси идеолошки да се убива и да биде сведок на иманентната преродба чиј крај ќе биде ист како оној на претходната, со благ степен на дигресија.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ