Негирањето на геноцидот, така велиме, е последна фаза од геноцидот, но и сигурен предзнак дека повторно ќе се случи. Кога зборуваме за геноцидот во Среебреница, да се навратиме на други злосторства врз човештвото, Холокаустот, Руанда, обично ја изговараме фразата на крајот – да не се повтори. Но, се повторува. Одново и одново. Така да личи дека слабо се сеќаваме, слабо помниме, слабо учиме, истакна Санела Шкриељ во говорот на Меѓународната конференција „Сребреница- совеста на светот“, организирана од Странката на демократска акција на Македонија ( СДА).
Се согласувам апсолутно дека мора да се сеќаваме и мора гласно да зборуваме, и да не дозволиме таков ревизионизам на историјата за се она што се случи во Сребреница, меѓутоа гласно да зборуваме и за се друго што се случува сега, и да се запрашаме дали доволно гласно зборувамњ за се она што се случува сите ние како општество, сите ние како индивидуи, за она што се случува во Украина, за она што се случува во Газа. Факт е дека и тоа како затајуваме, и колективно, и индивидуално во гласното зборување и спротивставување на она што ни се случува. Пред десетина дена се одбележа Денот на победата над фашизмот.Си го честитаме тој ден, меѓутоа прашањето, односно констатацијата која треба да ја дадеме.признаеме е дека ниту сме го победиле фашизмот, ниту исчезнал. омразата не исчезнала.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
М. Д.