• Latest

Сарачини: Порадикално ќе го артикулираме гневот на граѓаните!

July 18, 2016

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Сарачини: Порадикално ќе го артикулираме гневот на граѓаните!

July 18, 2016 18:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Не бараме да бидеме тие коишто одлучуваат, бараме едноставно да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните на Република Македонија како се одвиваат преговорите, да ги известуваме за донесените решенија, да го мониторираме процесот на спроведување на договореното и да предлагаме алтернативни и подобри решенија таму каде што ќе запне работата“, рече активистот Петрит Сарачини, пред резиденцијата на американскиот амбсаор Џес Бејли, во која се одвиваа преговорите на претставниците на партиите-потписнички на пржинскиот договор

„Како што гледаме политичките преговори за надминување на политичката криза во Македонија продолжуваат, но продолжуваат на начин којшто се одвиваа повеќе од една година, без учество на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните не се информирани што се случува, дали зад овие затворени врати, дали зад затворените врати во Пржино, или зад затворените врати во Домот на пратениците. Не помина ниту една недела, минатиот понеделник, над 88 граѓански организации, формални и неформални движења, протесни движења, коишто во изминатиот период изведоа илјадници граѓани на Република Македонија на улиците, побараа да бидат присутни за време на преговорите“, рече Сарачини.

„Уште еднаш би сакал да повторам, зошто граѓаните, граѓанските организации и овие структури бараат присуство на преговорите? Не бараме да бидеме тие коишто одлучуваат, бараме едноставно да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните на Р. Македонија како се одвиваат преговорите, да ги известуваме за донесените решенија, да го мониторираме процесот на спроведување на договореното и да предлагаме алтернативни и подобри решенија таму каде што ќе запне работата“, рече Сарачини.

„Видовме низ начинот на којшто се договараа работите во медиумската сфера, видовме едно решение коешто е апсолутно неодржливо и коешто адресира последици, а не адресира причини што доведоа до ваква состојба во медиумската сфера во Република Македонија. Вакви решенија не им требаат на граѓаните, не им требаат на медиумите, не и требаат на ниту една општествена сфера во којшто работите се расипани во време на ова автократско владеење. Затоа, ние инсистираме и понатаму граѓаните да бидат вклучени во овие преговори, бидејќи сметаме дека на ваков начин на којшто се одвиваат преговорите, тие нема да дадат поинаков резултат од оној што го дадоа досега. Процесот ќе биде киднапиран од политичките елити, а решенијата коишто ќе се донесат, ќе им слугуваат само на политичките елити, на тесните центри на моќ коишто со години, па и од независноста наваму, владеат и ја узурпираат политиката и го узурпираат суверенитетот на граѓаните“, дециден е Сарачини.

„Ќе бидеме уште порадикални отколку досега, тоа не значи дека ќе бидеме насилни, ние ќе продолжиме да го артикулираме ставот и гневот на граѓаните на најсоодветен начин и на начин којшто доликува на едно демократско општество и на еден демократски граѓански сектор. Нема да се откажеме од тоа да бидеме внатре, зад овие затворени врати, затоа што само така Македонија ќе добие оддржливи решенија, а не решенија кои некој, по неколку месеци, по некој нов изборен циклус, по некоја нова узурпација, по некоја нова автократска елита, ќе мора повторно да се менуваат… Конечно, време е Македонија да тргне напред, време е да најдеме решенија коишто ќе бидат тука оддржливи и коишто ќе ни го отворат патот до напредокот и просперитетот. Без учество на граѓаните, процесите досега покажаа дека тоа не е возможно! Затоа инсистираме на учество на граѓаните, нивните експерти, нивното знаење на преговарачката маса и на достоинствено претставување на нивните интереси“.

Камера: Дехран Муратов

Tags: Граѓаните бараат вклучување во преговоритеПетрит СарачиниПреговори во резиденцијата на амбасадорот на САДшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ