• Latest

Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар

April 2, 2018
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар

April 2, 2018 09:21
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во каква состојба ја затекнавте општина Центар?

– Со преземањето на општина Центар, на 25 октомври, констатиравме дека општината се наоѓа во добра состојба. Кредитните обврски се девет милиони евра и тоа за изградба на училиштето во Капиштец, кое општината го гради со сопствени средства и за раскинување на договорот за изградба на катната гаража. Општината има обврски од судски пресуди од милион евра поради погрешните политики на Владимир Тодоровиќ и ВМРО- ДПМНЕ. Пример има двојно платени комуналии од Азманов кои што сега треба да се вратат, како и судски пресуди со „Бетон“ за чии услуги работа на проектот „Скопје 2014“ е започната истрага, вели Богдановиќ.

Откако ја презедовте функцијата градоначалник, кои проекти ги реализиравте?

– Општината нема комплетно квалификуван кадар, особено во делот на инспекцијата. Кадри кои се дефицитарни се инспекторите и се работи на носење квалитетен и обучен кадар за покривање на оваа област, а другите сектори  располагаат со соодветен кадар. Меѓу првите чекори што ги преземавме е стабилизација на тлото на земјата, т.е. Советот изгласа мораториум за нови градби се до прегледување и испитување на сите ДУП-ови. Ова општина Центар ја чини многу финансиски, но еднаш засекогаш мора да се стави крај на непланското работење. Неопходно беше ставање на овој мораториум за да почнат да се изготвуваат ДУП–ови кои ќе придонесат за нормален развој на Центар по сите параметри и по желбите и интересите на граѓаните, а не по желбите на инвеститорите и моќници, нагласи Богдановиќ.

Тој потенцира дека се испитува кои објекти добиле одобрение за градба, а не се испочитувани законските рокови.

– Дел од објектите вцртани во ДУП-овите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт ќе значат узурпација на зеленилото или слободниот простор. Тоа нема да го дозволиме, бидејќи тоа ќе значи дополнително уништување на јавниот простор. Во овој период се врши ревизија и демонтирање на нелегалниот проект „Скопје 2014“. Општина Центар нема да дозволи дивоградби на својата територија, истакна Богдановиќ.

Кои се приоритетите на општина Центар?

– На пролет започнуваме со пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа. До крајот на годината, во соработка со БЕГ, Маџар маало ќе биде поврзано на градско парно греење. Хаосот во паркирањето почнува да се средува. Анализата ќе покаже каде е потребно поставување на монтажни гаражи, кои нема да одат на сметка на узурпирање на јавно зеленило или јавен простор. И годинава ќе се спроведува проектот „Цел Центар на точак“ и „Нега на стари лица во домашни услови“. Ќе се продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување. Во практика оваа активност би опфаќала и поставување нова урбана опрема во рамките на секој парк поединечно и таму каде што е потребно. Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и целосно реновирање на Урбан парк.

До сега рекордни 12 милиони и 150 илјади денари ќе се одвојат за реконструкција и одржување на зеленилото. Планирана е изградба на нови паркови, ќе се засадуваат оформени дрвја и ќе се обезбедат 5.000 дрвја кои ќе бидат засадени на повеќе локации. За субвенционирање на печки за пелети одделени се 6.000.000 денари.

Греењето е најголем загадувач и затоа општина Центар заедно со БЕГ започна со подготовки на инфраструктурни проекти со цел во населбата Маџир Маало да се постави топлификациска мрежа за да се замени постојниот систем на греење на дрва и на други горива. Веќе се започнати разговори за започнување на гасификација на општината.

Предвидени се 2.000.000 денари за соларни панели, 40.900.000 денари за енергетски фасади, за субвенционирање за реконструкција на покриви 5.000.000 денари, за лифтови 3.000.000 денари, а за монтажни паркинзи 44.000.000 денари.

Во наредниот период ќе се започне со неколку пилот-проекти за зелени фасади и поставување зелени покриви таму каде што има можности. Општина Центар во изминатите четири години исплаќа субвенции за велосипеди. И оваа година ќе продолжи трендот за стимулирање на граѓаните за да купуваат и користат велосипеди и за ова ќе се одвојат 2 милиони и 800 илјади денари, рече Богдановиќ.

Магдалена Ристоманов 

[divide]

извор: МИА

Tags: интервјуМакедонијаопштинаСаша БогадновиќЦентар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ