Александар Кондев, фотогораф, инспириран од борбата на младите, но и на сите граѓанки и граѓани во Македонија за слобода и демократија, реши неговите фотографии да не останат во заборав, туку да продолжат да живеат во меморијата на идните генерации.
[envira-gallery id=”58789″]
Иложбата и перфорамнсот „Портест(и)“ ќе се одржи на 12 април од 17 до 19 часот во паркот на Жена-борец, кај споменикот на Прометеј. Изложбата ќе се пресели во Музеј на Град Скопје чие отворање ќе биде на 13 април во 20 часот.
Кондев и ЦИВИЛ ве покануваат да бидете дел од одбележувањето на историското будење на граѓанскиот отпор со потпис на Револуцијата.
Мултимедијалниот настан е финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ – Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Музеј на Град Скопје, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.
Б. Јордановска
Фотографии: Александар Кондев