Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги повика сите граѓани кои имаат некаква идеа или предлог за решавање на проблемот со загадувањето да дојдат во понеделник во 12 часот во просториите на Градот Скопје за да ги претстават.
„Апелирам секој граѓанин кој има одржлива идеја за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот да дојде во просториите на Градот Скопје во понеделник меѓу 12 и 14 часот и да ги сподели тие идеи. Заедно ќе ги разгледаме можностите колку тие решенија се применливи и колку реално можат да придонесат во решавање на проблемот“, истакна Шилегов.
Тој информираше дека на отворената линија 193 за пријава на пожари на отворено, вчера имало само две пријави, по кои имало две интервенции.
Шилегов најави дека Советот на Град Скопје идната недела ќе донесе одлука за поевтинување на јавниот градски превоз, оти смета дека со зголемување на цените на паркирањето би го дестимулирале користењето на автомобилите, како еден од причинителите на загадувањето во Скопје.
Тој побарал од Министерството за внатрешни работи да најдат модалитет за редуцирање на сообраќајот со возилата. Градоначалниците на општините да ги засилат контролите на градилиштата со цел да се забрани градење во деновите со висока загаденост.
Градоначалникот додаде дека Министерството за образование и наука ќе одлучи дали ќе има прекин на наставниот процес, или продолжување на зимскиот распуст.
Д.М.